Од 4 до 11 септември, литар евродизел во Србија ќе чини максимум 234 динари, додека максималната цена на европремиум BMB 95 ќе биде 205 динари за литар.
За споредба со историските максимуми, разликата е особено видлива кај дизелот. Во споредба со рекордните 222 динари од ноември 2022 година, дизелот денес е поскап за 12 динари за литар, или околу 5,4 проценти. Бензинот, од друга страна, е точно на нивото на својот рекорд од јули 2022 година – 205 динари за литар.
Во првите седум месеци од оваа година е остварен дефицит на националниот буџет од 97,8 милијарди динари, што е подобро од буџетскиот план за 37,7 милијарди, со оглед на тоа што планираниот дефицит е 135,5 милијарди динари, објави денес Министерството за финансии.
Во јули е остварен дефицит од 46,2 милијарди динари, а во овој месец се собрани приходи од 223,5 милијарди, од кои даночните приходи изнесуваат 193,6 милијарди динари. Најголемиот дел од даночните приходи се однесува на плаќање на ДДВ, 98,9 милијарди динари, и акциза, 44,9 милијарди динари, објавија медиумите во Србија.
Фото Економија и бизнис








