ПОРАДИ НЕДОСТИГ НА КЕРОЗИН ВО ГЕРМАНИЈА ЌЕ ЗАСЕДАВА НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера изјави дека федералната влада е подготвена да реагира на можен недостиг на керозин во Европа, додавајќи дека снабдувањето е тешко, но сепак стабилно. Според „Шпигел“, тој исто така најави дека владата наскоро ќе го свика Националниот совет за безбедност за да разговара за снабдувањето со енергија. „Многу наскоро ќе го […]
БРЗИ РЕФОРМИ ВО УНГАРИЈА КАКО УСЛОВ НА ДЕБЛОКИРАЊЕ НА МИЛИЈАРДИТЕ ЕВРА ОД ЕК

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, повика на брзи реформи во Унгарија по изборната победа на опозицијата, нагласувајќи дека напредокот е клучен за деблокирање на милијардите евра замрзнати средства од ЕУ. Говорејќи на настан по повод 80 години од весникот „Die Zeit“, таа синоќа изјави доколку Будимпешта не ги исполни условите до крајот […]
ФЕИТ домаќин на RoboMac 2026: Над 80 млади иноватори и експерти во натпревари по роботика

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од денеска до 25 април ќе биде домаќин на натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026, на кои ќе учествуваат студенти, ученици и експерти од земјата и од странство. Како што информираат од ФЕИТ, на 14. издание на RoboMac ќе учествуваат […]
Во Скопје се одржува македонско-казахстански бизнис форум

Македонско-казахстански бизнис форум, посветен на унапредување на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан ќе се одржи денеска во Скопје, соопшти Стопанската комора на С. Македонија. Настанот ќе се одржи во просториите на Комората со почеток во 11:30 часот. Во рамки на настанот ќе бидат потпишани Договор за основање на Бизнис совет помеѓу […]
СКОПЈАНИ ВО САБОТАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА ЧЕКАЛЕ ДВА ЧАСА, А НА ВРАЌАЊЕ 4 ЧАСА И 40 МИНУТИ, толку трае процедурата за фотографирање од грчките погранични служби

Повеќемина македонски граѓани кои викендот го искористија за кафе во Солун сведочат за нефункционирањето на новиот систем за влез во земјите од Европската Унија и за долгото чекање за да се завршат царинските формалности од грчките погранични служби. -Во саботата бевме на викенд во Солун. На граничниот премин Богородица за влез во Грција пред нас […]
ШВЕДСКА НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД ПЛАЌАЊЕТО ВО ГОТОВО, на граѓаните им се препорачува дома да чуваат до 500 евра за „кризни ситуации“

Шведска, која со години се сметаше за симбол на безготовинско општество, почнува да го преиспитува сопствениот модел и да го враќа готовината во фокусот. По долг период во кој дигиталните плаќања речиси целосно ги заменија готовината, следеа првите сериозни сомнежи за одржливоста на системот кој е целосно зависен од електричната енергија, интернетот и технолошката инфраструктура. […]
ВО МАЈ ПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА 20.000 ВОЛОНТЕРИ ЗА EXPO 2027 ВО БЕЛГРАД, колкав џепаралак е предвиден за волонтерите

Во мај ќе почнат да се примаат апликациите за 20.000 волонтери потребни на претстојната специјализирана изложба, соопшти директорот на компанијата EXPO 2027, Данило Јериниќ „Многу светски изложби и специјализирани изложби имаа од 5.000 до 30.000 волонтери. Околу 20.000 волонтери ќе бидат ангажирани во Белград и ги поканувам да аплицираат. Ќе ја обиколиме Србија, ќе ги […]
Нови Хабитат-европски живеалишта, Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина

Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Даела, нилскиот коњ […]
ИСТАНБУЛ ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ДА БИДЕ ЕНЕРГЕТСКА И ФИНАНСИСКА АЛТЕРНАТИВА НА ДУБАИ, изјави директорот на Меѓународната агенција за енергија

Кога ќе заврши војната, Блискиот Исток повеќе нема да биде истиот Блиски Исток и, во потрага по алтернатива, Турција ќе има две добри можности, едната поврзана со финансиите, а другата со нафтата, изјави директорот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, за Хуриет на маргините на форумот во Анталија. „Мислам дека постојат две важни алтернативи […]
Мицкоски: Утре се очекува Регулаторна комисија да донесе одлука со која цените на бензините и дизелот ќе се намалат за околу денар и половина

Македонија е меѓу трите европски држави што презеле најобемни мерки за ублажување на ефектите од ценовните шокови, а од утре се очекува ново поевтинување на бензините и дизел-горивото за денар и половина, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече Мицкоски на прес-конференција, според податоците на Меѓународниот монетарен фонд објавени на 15 април, државата се […]