Oд вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка,  презентиран напредок во Реформската агенда на Македонија пред амбасадорите на ЕУ

Првиот заменик вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали денеска на состанок со шефовите на мисии на земјите членки на ЕУ го презентираше напредокот во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027. Како што посочуваат од Кабинетот на министерот за европски прашања, од вкупно 21 доставен реформски чекор, за 16 се очекува позитивна оценка, со што […]

РОБОТИТЕ СЕ САМО АЛАТКИ, НО ЛУЃЕТО ИМА ДАВААТ ЖИВОТ, на ФЕИТ отворени RoboMac и RoboMac Junior

На Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска беа отворени 14-то издание на RoboMac и 6-тото издание на RoboMac Junior. Учесниците на RoboMac ќе се натпреваруваат во категориите Trig, Track, Trace, AI Football, Robotic Arm Challenge, The VoiceBot Challenge, Self Racing Cars и SumoBot, а учесниците […]

ИНОВАЦИИ И КВАЛИТЕТ ВО УЧЕЊЕ ПРЕКУ РАБОТА: ШВАЈЦАРСКИ ПРИСТАП ЗА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

Швајцарската комора на Северна Македонија – СвисЧам MK, во соработка со водечки компании и институции, организира настан од серијата „Деловни разговори“ на тема „Иновации и квалитет во учење преку работа: Швајцарски пристап, локална примена“, кој се одржа во Центарот за истражување и обука на Баумер во ТИРЗ Бунарџик. Дискусијата е посветена на унапредување на моделите на […]

УЈП: Платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади, истече рокот за даноците за 2025

Управата за јавни приходи потсетува дека на 16 април истекоа законските рокови за плаќање на разликите по годишните даночни биланси за 2025 година и ги повикува обврзниците кои се уште не извршиле уплата, тоа да го сторат без одлагање. Од вкупно 19.550 поднесени биланси за данок на добивка, данок на вкупен приход и данок на […]

За еден месец синдикалната минимална кошница се зголемила за 979 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818  денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири […]

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ОТВОРЕНА ЗА ИНВЕСТИТОРИ ОД КАЗАХСТАН во технолошко-индустриските развојни зони

Македонија и Казахстан ќе ги засилуваат економската соработка и трговската размена. За таа цел, вториот македонско-казахстански бизнис-форум во Скопје и потпишувањето два значајни документи ќе дадат нов импулс на соработката меѓу бизнис-заедниците и ќе придонесат за зголемување на трговската размена. Ова беше заклучено на заедничката прес-конференција меѓу министерот за надвореши работи и надворешна трговија Тимчо […]

ЈАПОНИЈА ЈА ПОГОДИ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,4 СТЕПЕНИ, издадено предупредување за цунами

Јапонските власти издадоа предупредување за цунами откако силен земјотрес го погоди североисточниот брег на земјата. Цунамито е забележано на околу 50 км од брегот на Аомори, јавува Би-Би-Си. Магнитудата на земјотресот била 7,4, според Јапонската метеоролошка агенција. Цунамито е откриено на околу 50 км од брегот на Аомори, префектура на север од главниот остров на […]

ЕУ ГИ ЗАМРЗНУВА 1,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА СРБИЈА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ, шесте земји од Западен Балкан се во опасност да останат без повеќе од 700 милиони евра

Европската Унија ќе замрзне една и пол милијарда евра од Планот за раст, наменет за Србија, бидејќи земјата назадува во проевропските реформи. Ова треба да го објави комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на состанокот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент во понеделник, дознава N1. Судската реформа во Србија е […]

Светот мора да се подготви за „значително повисоки“ цени на енергијата, предупреди шефот на Меѓународната агенција за енергија

Цените на нафтата денеска скокнаа за повеќе од 5%, поради стравувањата дека прекинот на огнот меѓу САД и Иран би можел да пропадне откако САД запленија ирански товарен брод, а сообраќајот низ Ормускиот теснец остана во голема мера запрен.Фјучерсите за суровата нафта Брент пораснаа за 5,08 долари, или 5,62%, на 95,46 долари за барел, а […]

Индиските банки го запреа увозот на злато и сребро, запрено царинењето за повеќе од 13 тони скапоцени метали

Индиските банки ги суспендираа нарачките за увоз на злато и сребро од странски добавувачи. Повеќе од пет тони злато и околу осум тони сребро не можат да се царинат во моментов, бидејќи новата директива на Генералниот директорат за надворешна трговија (DGFT), која ги одредува банките овластени да увезуваат скапоцени метали секоја година на почетокот на […]