ОД ЧЕТВРТОК ПОЧНУВА САЕМОТ НА КНИГАТА ВО СКОПЈЕ, најавени над 65 издавачи и повеќе од 150 активности

Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности беа најавени на годинешниот Саем за книгата – информираа Даниела Глигоровска, извршен директор, Сања Кондарко, оперативен директор на Саемот на книгата и Бојан Саздов, претседател на Македонскатра асоцијација на издавачите (МАИ) на денешната прес-конференција за она што е планирано. Работното време на Саемот ќе биде од 10 […]

Дванаесет до петнаесет проценти од населението има мигрена

Мигрената не е обична главоболка, туку онеспособувачка состојба што бара посебен третман и медикаментозна терапија, апелираа невролозите на Националниот ден на мигрена, кој за првпат се одбележува во земјава, во организација на Македонското невролошко здружение и Клиниката за неврологија под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“. Во земјава се смета дека околу дванаесет до петнаесет […]

ТРОЈЦА ДИРЕКТОРИ ВО ЗДРАВСТВОТО ВРАТИЛЕ ПО  500 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ ПОРАДИ НЕПРАВИЛНА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА

Тројца актуелни или поранешни директори на јавни здравствени установи вратија по 500.000 денари или вкупно 1,5 милиони денари, што ги земале врз основа на неправилна пресметка на плата. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека покрај медицинската контрола нивна континуирана активност е и финансиската контрола. – […]

Три вида државна матура – гимназијалците ќе полагаат на 6 и 11 јуни, учениците од стручните и од уметничките училишта на 6 и 12 јуни

Во согласност со новиот Законот за средно образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. -Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. […]

Законот за високо образование утре оди во владина процедура

Последната средба за новиот закон за високото образование Министерството за образование и наука (МОН) денеска ја имало со владиниот колаициски партнер Вреди. Министерката Весна Јаневска соопшти дека било разговарано за шест точки во предложениеот текст, кој е веќе затворен за диксусија и ќе биде проследен во владина процедура.  Како што рече, пет точки за кои […]

ПОСКАПОТО ГОРИВО ГИ ПРИНУДИ ФРАНЦУЗИТЕ ДА КОРИСТАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, францускиот премиер апелира на штедење поради војната во Иран

Зголемувањето на цените на горивата, поврзано со војната на Блискиот Исток, доведе до значително зголемување на бројот на патници во јавниот превоз во неколку француски градови. Граѓаните сè повеќе ги напуштаат своите автомобили и се префрлаат на автобуси и трамваи за да избегнат трошоци за гориво, што е особено изразено во градовите што нудат бесплатен […]

Иран не испрати делегација на разговорите со САД во Пакистан

Иран сè уште не испратил никакви претставници на разговорите со САД во Исламабад, пренесуваат државните медиуми. Ниту експерти за прелиминарни дискусии, ниту главна делегација не отпатувале во пакистанската престолнина, се наведува во извештајот на државното радио, пренесе ДПА. Владини претставници нагласија дека преговорите нема да се водат под сенка на „закани и кршење на договорите“, […]

БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ И БОНУСИ ДО 7.200 ЕВРА ЗА ЛЕКАРИТЕ КОИ ЌЕ РАБОТАТ НА ОСТРОВИТЕ ВО ГРЦИЈА

Општините на грчките острови, со поддршка на Министерството за здравство, воведуваат разни финансиски и материјални стимулации за привлекување на лекари во здравствените центри и клиники кои се соочуваат со сериозен недостиг на персонал. Како дел од мерките, на лекарите им се нудат дополнителни месечни плаќања, бесплатен сместување, покривање на храна и сметки, како и други […]

Привремено недостапни електронските услуги на порталот uslugi.gov.mk

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека поради технички причини и тековни активности за надградба на опремата, одредени услуги на Националниот портал за електронски услуги  uslugi.gov.mk се привремено недостапни. – Aктивно се работи на отстранување на пречките и на повторно ставање во функција на сите услуги, што се очекува да се реализира многу бргу. Граѓаните ќе […]

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција 

Дигиталните контроли на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле зголемување на даночно затајување во 2025 година, а просечната стапка изнесува 29,7 отсто, за 2,6 проценти повисока од 2024 година, додека пак на прво место се автосервисите, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од ААДЕ, што ги објавуваат грчките […]