СРПСКАТА БЕРЗА ВОВЕДУВА НЕГАТИВНИ ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

На 5 мај, српската берза за електрична енергија „SEEPEX“ за прв пат ќе види примена на негативни цени, кои се појавуваат во одредени часови, кога производството од сончеви капацитети е поголемо од побарувачката, беше кажано на седницата на Советот за одржлива енергија во NALED ‒. Негативните цени не се нов феномен на европските пазари и […]

Турција ќе привлекува инвестиции со даночни олеснувања

Турската влада планира сеопфатни даночни олеснувања во обид да ги привлече бизнисите и иселениците назад во земјата, пренесе ДПА. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека секој што не бил даночен резидент во Турција во последните три години, нема да мора да плаќа данок на приходот заработен во странство во период од 20 години […]

Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

Државниот завод за индустриска сопственост, денеска, по повод Светскиот ден на интелектуалната сопственост, 26 Април, му додели признание Патент на годината 2025 на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) за пронајдокот „Кумарин-1,2,3-триазол-изатин хибридни молекули и нивна примена“ во областа на медицинската хемија. Пронајдокот се однесува на развој на нови хибридни хемиски соединенија […]

УНИВЕРЗАЛНА САЛА ЌЕ СЕ ГРАДИ ПО ПРИНЦИПОТ „КЛУЧ НА РАКА“ ДО ДЕКЕМВРИ 2027 ГОДИНА

Реконструкцијата и на модернизацијата на еден од најзначајните културни симболи на градот Скопје – Универзалната сала, е проект од исклучително значење, бидејќи со нејзиниот нов лик градот ќе добие современа, функционална и репрезентативна културна институција, простор за врвни концерти, театарски претстави, фестивали, големи културни настани. Проектот, чија реконструкцијата е планирано за заврши до декември 2027 […]

Стабилноста на националната валута е директен резултат на стабилните политики

Македонскиот денар ја задржува својата стабилност и во услови на глобална економска неизвесност – изјави денеска заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски, кој присуствуваше на штипскиот Економски факултет на одбележување на Денот на македонскиот денар. Тој истакна дека довербата на граѓаните и компаниите во домашната валута останува висока, а тоа се потврдува и преку растот […]

ЗАЕДНО ГРАДИМЕ ПОСИЛНА ЕВРОПА, со зајакнување на  локалните економии, беше истакнато да доделувањето на грантот за дуално образование од германската и швајцарската амбасада

УГД – Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании добија 500.000 евра грант од германската и швајцарската амбасада, за поврзување на образованието со стопанството. Дуалното образование во земјава покажува значајни резултати, со активно учество на училиштата, факултетите и компаниите, како и со практична обука за учениците под менторство. Реформите во образованието се […]

АЗЕСКИ: Очекуваме продлабочување на кризата, ние сме подготвени на секакви сценарија

Бизнисот очекува продлабочување на кризата и ако има потреба, од Владата ќе побара таргетирани мерки. Како што рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, засега ситуацијата е под контрола. Тргетирани мерки, како што истакна Азески, би требало да се преземат согласно развојот на ситуацијата. -Ако се погодени определени сектори, ако се погодени определени значајни […]

Во среда посебен сообраќаен режим во Скопје 

Претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелен во среда (29 април) ќе престојува во официјална посета на државава, поради што во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај, соопшти МВР. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Град Скопје. Од МВР апелираат до […]

Мицкоски нема против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, како и да се прошири ограничувањето

Немам и не планирам да имам друго државјанство, освен македонското, ако Уставот дозволува, може да се ограничи двојното државјанство Премиерот Христијан Мицкоски смета дека доколку тоа го дозволуваат Уставот и законите, нема против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, како и да се прошири ограничувањето и на извршната власт и на претседателот […]

Дизелот поевтинува, а бензините поскапуваат

Малопродажната цена на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за 2,50 денари за литар, а на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат за 2,00 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство на се намалува за 1,00 денар за литар – соопшти РКЕ. Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се […]