ВО РЕГИОНОТ НАЈСКАПО ПЛАТЕН СТАН  Е 15.000 ЕВРА ЗА КВАДРАТ, потоа во Сплит за 3.300 евра…

Вредноста на пазарот на недвижности во Србија во 2025 година изнесуваше рекордни 8,1 милијарди евра, а најскапиот стан од квадратен метар во Србија минатата година беше продаден по цена од 15.298 евра во Белград. Најголемиот износ, дури 1,8 милиони евра, беше издвоен за стан на локацијата „Белград на водa“. Најскапата куќа беше продадена на територијата […]

ОПЕК+ ОДЛУЧУВА КАКО ЌЕ СЕ (ПО)ДЕЛИ КВОТАТА НА ОАЕ ПО НАПУШТАЊЕТО НА НАФТЕНИОТ КАРТЕЛ?

Саудиска Арабија, Русија и уште пет земји од ОПЕК+ денеска ќе одржат состанок за да ја донесат првата одлука за квотите за производство на нафта по потресот предизвикан од напуштањето на Обединетите Арапски Емирати. ОПЕК+ – алијансата меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта и уште десет земји произведувачи, сè уште нема излезено со став […]

ЗАБРАНА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ЛЕЖАЛКИ НА НЕКОЛКУ ГРЧКИ ПЛАЖИ, предвидени се високи казни за непочитување на одлуката на министерството за животна средина

Годинава 251 грчки плажа се прогласени за затворени за градба, вклучувајќи од изнајмување на лежалки до поставување привремени дрвени конструкции. Грчкото Министерство за заштита на животната средина наведува дека оваа одлука е донесена со цел зајакнување на заштитата на плажите од посебно естетско, геоморфолошко и еколошко значење, како и зачувување на вредните живеалишта и растителните […]

ВЛАДАТА НА САД НЕ МИСЛИ ДА ГИ СПАСУВА НИСКОБУЏЕТНИТЕ АВИОКОМПАНИИ, им советуваат да најдат долари на приватните пазари

Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, денес изјави дека не мисли дека владата на САД треба да ги спасува нискобуџетните авиокомпании кои побараа 2,5 милијарди долари владина помош поради високите цени на авионското гориво. „Би рекол дека во овој момент не мислам дека е потребно. Тие имаат пристап до готовина. Ако сакаат да дојдат […]

Натпревар за најдобро произведени ракии

Меѓународен натпревар за најдобро произведени ракии по четврти пат организира здружението „Ж’та – Македонски ракијари“, информираше денеска претседателот Панче Арсовски, повикувајќи да се пријават производители на ракии од земјава и странство. – Денеска и официјално, јавно испраќаме покана за присуство на нашата автентична манифестација посветена на традицијата, квалитетот и пријателството, „Тиквешка ракијада 2026“. Мостри од […]

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА НЕМА ДА СЕ ВРАТИ ВО „НОРМАЛА“ ПО ОТВОРАЊЕТО НА ОРМУСКАТА ТЕСНИНА, британскиот премиер се залага за „поинаков курс како одговор на оваа криза“

Економската состојба на Велика Британија нема целосно да се „врати во нормала“ откако Ормуската Теснина ќе биде повторно отворена, предупреди британскиот премиер Кир Стармер. Тој, исто така, инсистираше дека Велика Британија мора да „заземе поинаков курс“ за својата иднина, а не да се врати на „статус кво“, што се случи по други економски шокови како […]

НЕДОСТИГОТ НА ЛЕКАРИ ЌЕ ГО ПОКРИВАМЕ СО ТЕЛЕМЕДИЦИНАТА, министерот за здравство предлага решение со  вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата

Телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата, наведува министерот за здравство Азир Алиу во денешното соопштение. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласува дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата. – […]

УТРОВО НАЈСТУДЕНО ВО БЕРОВО, најтопло во Тетово

Утрово најстудено било во Берово и на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени -4 степени целзиусови, а најтопло во Тетово со измерени 5 степени. Според УХМР, -2 степени се измерени во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Претор, Kрушево, -1 во Битола, Штип, Велес, Mаврови Анови, Лазарополе, 0 во Охрид, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, 1 во […]

ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА НЕМА ДА СЕ ВРАТАТ НА НИВО ПРЕД ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК, цените на прехранбените суровини на светските берзи се зголемија за околу три проценти само во март 

Економскиот шок што го доживува светот од крајот на февруари, кога започнаа конфликтите на Блискиот Исток, е претежно од енергетска природа, но се почувствува и практично веднаш преку порастот на цените на прехранбените суровини на светските берзи, кои се зголемија за околу три проценти само во март, доведувајќи ги цените на храната до 22-месечен максимум. […]

КИНА УПАТИ НОВА ТРГОВСКА ЗАКАНА КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Кина ја упати кон Европската Унија својата најдиректна трговска закана во последните децении кон крајот на април. Доколку ЕУ продолжи со усвојувањето на Законот за индустриско забрзување (IAA), што Пекинг го смета за повреда на нејзините интереси, тврди дека нема да има друг избор „освен да преземе контрамерки за заштита на легитимните права и интереси […]