НАФТАТА СЕ ПРОДАВА ЗА 101 ДОЛАР ЗА БАРЕЛ, Трамп вели дека цената нема да се намали до ноември

Цената на суровата нафта Брент се искачи над 101 долар за барел во среда навечер за прв пат од мај, поттикната од ескалацијата на тензиите меѓу САД и Иран и посилната кинеска побарувачка за нафта. Американската сурова нафта WTI се искачи над 96 долари за барел, на највисоко ниво од мај, објави Trading Economics. Американската […]

ТРАМП ВЕТУВА 5.000 ДОЛАРИ ЗА СЕКОЈ ВОЗРАСЕН АМЕРИКАНЕЦ ДОКОЛКУ РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ПОБЕДАТ НА ИЗБОРИТЕ

Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека ќе му исплати на секој возрасен Американец „дивиденда од Трамп“ од 5.000 долари ако републиканците ја задржат контролата врз Конгресот на среднорочните избори во ноември „Ако републиканците победат во Претставничкиот дом и Сенатот – двата дома поради нашата огромна економска сила и успех, ќе исплатам дивиденда од 5.000 […]

БРИСЕЛ СО ПОЛИТИКАТА „КУПУВАЈ ЕВРОПСКО“ ГИ ОЛЕСНУВА ПРАВИЛАТА ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ЈАВНА НАБАВКА, најниската цена повеќе не треба автоматски да биде одлучувачки критериум

Европската комисија предлага голема ревизија на правилата за јавни набавки за да ги охрабри земјите од ЕУ да трошат повеќе од парите на даночните обврзници за европски стоки и услуги, како дел од поширокиот напор на Брисел да одговори на растечката економска моќ на Кина. Новиот пакет мерки претставува уште еден чекор кон политиката „купувај […]

СЛЕДУВА ЦЕНОВЕН УДАР СО ПРИРОДНИОТ ГАС, денеска цената достигна највисоко ниво од 2023 година

Цената на природниот гас на европскиот пазар денес надмина 80 евра за мегават-час, највисоко ниво од јануари 2023 година, поради сè поизразените стравувања од нови прекини во снабдувањето со енергија предизвикани од ситуацијата на Блискиот Исток. Фјучерсите за гас за испорака следниот месец на холандскиот TTF пазар, што претставува главна референтна цена за европскиот пазар, […]

ВЛАДАТА ПРАВИ МЕТОДОЛОГИЈА СТРУЈАТА ДА НЕ ПОСКАПИ

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја – најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.  – За струјата, правиме методологија […]

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од сабота (12.9.2026) почнува со работа и на подрачјето на СВР Велес, соопшти Министерството за внатрешни работи. По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана […]

„Алказар енерџи“ обезбеди 180 милиони евра за ветерниот парк во Штип

Со обезбедени 180 милиони евра „Алказар енерџи“ го заокружи финансирањето на првата фаза  од проектот „Ветерен парк“ во Штип. Со тоа, како што објави денеска раководоството на компанијата, се преминува во следна фаза на реализација на инвестицијата од над 500 милиони долари. Тоа е една од трите фази што треба да овозможат 396 мегавати електрична […]

ТРЕТИНА ОД МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ ИМААТ ОСНОВНИ ПОЗНАВАЊА ЗА МАТЕМАТИКА, ЧИТАЊЕ И НАУКА, дури 44 проценти од нив изјавиле дека користат вештачки чет-ботови

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации. Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 забележан е […]

РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПИСА ПОВТОРНО СЕ ЛОШИ, РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФОРМАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ СЕ ВИДАТ ЗА 10 ГОДИНИ, изјави Јаневска

За жал, резултатите на ПИСА се повторно многу лоши, но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите што се претходно направени. Ние на власт дојдовме во 2024 година, само шест месеци потоа во 2025 се направени овие тестирања – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако Организацијата за економска соработка […]

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3,7 отсто

Цените на угостителските услуги во август годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 3,7 %. Во однос на претходниот месец, пак, се зголемени за 0,6 % – објави денеска Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – август 2026 година во однос на истиот период од минатата година […]