ДЕНЕСКА ПРАТЕНИЦИТЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ОД 260 МИЛИОНИ ЕВРА

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште три точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС-Банк ГмбХ (KfW […]
САД НАПАДНА ИРАНСКИ ЧАМЦИ ПОСТАВУВАЧИ НА МИНИ: Рубио: Ормуската Теснина мора да остане отворена

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека Ормуската Теснина „мора да остане отворена на еден или друг начин“, по новите американски напади врз ирански цели во јужниот дел на земјата. Тој истакна дека слободното поминување низ стратешкиот морски проток е клучно за глобалната безбедност. Рубио од Џајпур посочи дека разговорите со Иран напредуваат, но дека […]
АЛБАНИЈА ЕДЕН ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ: закажана е сесија за пристапување по затворањето на уште еден кластер

Осмата конференција за пристапување меѓу ЕУ и Албанија ќе се одржи на 26 мај за официјално да се потврди дека Албанија ги исполнила привремените критериуми за Кластер 1, „Основи“. Конференцијата за пристапување следи по одобрувањето од страна на амбасадорите на ЕУ на Заедничкиот став на ЕУ за поглавјата 23 и 24, што ѝ овозможува на […]
САРАЕВО – НАЈПРИФАТЛИВА ЕВРОПСКА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ГРАДСКИ ОДМОР, кои се најевтините и најскапите европски градови за одмор за 2026 година

За прв пат, Сараево е прогласено за најприфатлива европска дестинација за градски одмор за 2026 година, со вкупна цена од 248 фунти (287 евра) за сите 12 анализирани ставки. На главниот град на Босна и Херцеговина во првите пет им се придружуваат Букурешт, Тирана, Белград и Тренчин. Благодарение на прифатливиот смештај, евтиниот јавен превоз и […]
КИНЕСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕВРОПА ДОСТИГНАА СЕДУМГОДИШЕН МАКСИМУМ, која земја е најпривлечна за кинеските инвеститори?

Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од активностите за интеграција и аквизиција, кои пораснаа за 89 проценти на годишно ниво, на 7,9 милијарди евра. Сепак, кинеските „гринфилд“ инвестиции сè уште се водечки, кои во 2025 година беа за 51 процент повисоки од претходната година и достигнаа рекордни 8,9 милијарди […]
ЦЕНАТА НА НАФТАТА ПАДНА ПОД 100 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ

Цените на нафтата забележаа значителен пад, додека прометот на азиските берзи е во пораст по најавите за можно постигнување договор со кој би се ставил крај на американско-израелската војна со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во саботата навечер дека договорот со Техеран е „во поголем дел договорен“ и дека деталите ќе бидат објавени наскоро, […]
БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА ОДГОВОР НА ЕВТИНИОТ УВОЗ ОД КИНА

Европската Унија подготвува нови мерки против кинескиот увоз, бидејќи расте стравот дека европската индустрија би можела да ја изгуби трката со поевтини стоки од Кина. Брисел разгледува царини, ограничување на зависноста од кинески компоненти и зајакнување на трговската заштита, додека аналитичарите предупредуваат дека Европа веќе се соочува со нов „кинески шок“. Одредени сектори, од хемиската […]
МАСОВНИ ПРОТЕСТИ ВО ШПАНИЈА ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА СТАНОВИТЕ И КИРИИТЕ, протести против „диктатурата на рентиеризмот“ се одржаа во повеќе градови

Неколку илјади луѓе протестираа денес во центарот на Мадрид поради зголемувањето на цените на кириите и сè потешката достапност на станови, а организаторите најавија бран протести во 24 шпански градови во текот на јуни поради кризата со домувањето што влијае на сè поголем број граѓани. Протестот под слоганот „Домувањето нè чини животи“ беше организиран од […]
НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ЗАОСТАНУВААТ ВО РЕАЛНИОТ РАСТ НА ПРИХОДИТЕ НА ДОМАЌИНСТВАТА, Полска на чело на европската листа

Полска и Португалија забележаа најизразен двогодишен скок на реалните приходи на домаќинствата на европскиот континент, додека меѓу водечките економии во однос на овој параметар, Шпанија го презеде водството, според најновите податоци од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Бруто домашниот производ (БДП) традиционално се следи како примарен индикатор за економски раст, но институциите нагласуваат […]
РУБИО: ВО СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ЧАСА СЕ МОЖНИ ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, денес изјави дека постои можност да има добри вести за Ормуската Теснина во следните неколку часа. „Има одреден напредок во последните 48 часа во врска со нацрт-договорот што би можел да ја реши ситуацијата во Ормускиот теснец. Постои можност да има добри вести во следните неколку часа […]