Вкупниот раст од 67 проценти во споредба со 2024 година беше предводен од активностите за интеграција и аквизиција, кои пораснаа за 89 проценти на годишно ниво, на 7,9 милијарди евра. Сепак, кинеските „гринфилд“ инвестиции сè уште се водечки, кои во 2025 година беа за 51 процент повисоки од претходната година и достигнаа рекордни 8,9 милијарди евра, според анализата на Родиум Груп и Институтот за кинески студии Меркатор (MERICS).
Европа апсорбирала речиси една четвртина од глобалните директни странски инвестиции на Кина во 2025 година.
Доколку главната дестинација за кинеските директни странски инвестиции во Европа е сè уште Унгарија, поголеми инвестиции повторно се регистрирани во Германија и Франција.
Минатата година, Унгарија привлече кинески инвестиции во вредност од 3,9 милијарди евра (3,2 милијарди во 2024 година), по што следуваат Германија со 2,5 милијарди и Франција со 1,9 милијарди.
Учеството на Германија во директните странски инвестиции на Кина во Европа се зголеми на 15 проценти од 10 проценти во 2024 година, а на Франција на 12 проценти од пет проценти.
Секторот за автомобилска индустрија привлече најмногу кинески инвестиции во Европа – 7,6 милијарди евра, од кои 93 проценти во синџирите на снабдување за електрични возила. Сепак, учеството на индустријата во вкупните кинески инвестиции се намали на 45 проценти од 52 проценти во 2024 година, пренесува Данас.
Фото Економија и бизнис








