Без вода дел од корисниците на бул. АСНОМ во Аеродром

Поради уличен дефект, без вода од 10:15 часот се корисниците од бул. АСНОМ од бр.42 до бр.80 во Општина Аеродром, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до отстранување на дефектот. извор МИА
(ВИДЕО) Николоски: Железницата Бељаковце – Крива Паланка е инженерско чудо, Македонија е способна за големи подвизи

Изградбата на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка претставува „инженерско чудо“ и доказ дека државата е способна за реализација на големи инфраструктурни проекти, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на неговиот Фејсбук профил. Во објава, придружена со видео од градежните активности, Николоски посочува дека на оваа делница се изведуваат сложени градежни зафати. – На делницата […]
Пожарот во Штип изгаснат

Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со […]
Пожарот над Штип под контрола

Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. МИА информираше дека попладнево од гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на […]
Телеком влегува во партнерство со Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет за „Училишта на 21 век”

Македонски Телеком, Министерството за дигитална трансформација и Британскиот совет започнуваат партнерство за „Училишта на 21 век – Фаза 2″, проект насочен кон развој на дигитални вештини кај учениците. Проектот ќе трае од мај 2026 до јули 2027 година и ќе опфати ученици на возраст од 9 до 10 години и наставници од одделенска настава кои […]
Рекордна употреба на канабис меѓу тинејџерите во Грција

Според податоците, 11,5 отсто од 16-годишните млади во Грција користат канабис. Во последните десет години случаите на лекување зависници од канабис се зголемени за 32 отсто.
Ангелов: На ДЗС и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици

На Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и се потребни поранешни припадници на полицијата, армијата и противпожарните единици заради организирано учество во гаснење на пожари на отворен простор и шумски пожари, посочи денеска директорот на ДЗС Стојанче Ангелов. Како што истакна на прес-конференција тие се потребни за пополнување на работните места возачи на специјалните противпожарни […]
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска (10 јуни) започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или […]
СП 2026: Норвежаните носат 300 килограми риба и познати готвачи

Норвешката репрезентација вклучи реномирани готвачи и значителна залиха на храна во својата делегација за Светското првенство во 2026 година. Според „VG“, норвешката репрезентација во САД ќе донесе 300 килограми риба, 116 килограми кафеаво сирење и 6.000 кг. портокали. Меѓу готвачите што ќе патуваат на турнирот ќе биде и Кристијан Карлсон, кој работи со репрезентацијата од […]
Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот […]