Нов закон за тутун во Македонија: Се заоструваат правилата за цигари, вејпови и никотински производи

Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи вчера помина во прво читање на пленарна седница во Собранието. Ова е уште еден важен институционален чекор кон посилна заштита на јавното здравје, особено на децата, младите, непушачите и сите граѓани кои имаат право на здрав и безбеден јавен простор. Законот ја следи […]
Kредитните средства ќе може да се исплаќаат исклучиво преку банкарска сметка – измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва

Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на законски измени што предвидуваат воведување задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор […]
Почна уписот во средните училишта за учебната 2026/2027, најмногу слободни места за стручното образование

Денеска, почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат, ќе ја доставуваат потребната документација. Во јуни ќе има две електронски […]
Македонија го доби својот претставник за Светското првенство Microsoft Office Specialist во Калифорнија

На 11 јуни 2026 година, во просториите на Семос Едукација се одржа националниот натпревар Microsoft Office Specialist (MOS), на кој за победник беше прогласен Матеј Спасиќ од Куманово. Со освоеното прво место, тој добива можност да ја претставува Македонија на Светското првенство Microsoft Office Specialist World Championship што ќе се одржи во Калифорнија, САД. На […]
Мицкоски и владина делегација на бизнис-форум во Истанбул

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на Истанбул, каде што ќе учествува на бизнис-форум посветен на бизнис-соработката меѓу Македонија и Турција. – Предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на завршната церемонија на бизнис-форумот, која ќе почне денеска напладне. Посетата ќе биде искористена и за политички средби значајни за двете држави – […]
Луксузно патување со воз низ Балканот: Од Хрватска до Венеција во стилот на легендарниот Ориент експрес

За оние што сакаат да ги истражат балканските земји без да се откажат од удобноста и луксузот, „Балканско искуство“ („Balkan Experience“) нуди несекојдневно искуство.Станува збор за ексклузивно железничко патување што го организира компанијата Голден игл лакшури трејнс (Golden Eagle Luxury Trains), кое ги поврзува Венеција и Истанбул преку некои од највпечатливите дестинации во Југоисточна Европа. […]
Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво

Јапонија денеска успешно лансираше ракета што користи за погон исклучиво течно гориво, објавуваат јапоснките медиуми повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата утрово во 9:55 часот е лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападниот дел на Јапонија, носејќи шест мали сателити во земјината орбита. Лансирањето претходно беше одложено на два дена поради […]
Божиновска во Истанбул ги претставува енергетските и инвестициските потенцијали пред турскиот бизнис

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул ќе учествува на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. На форумот ќе учествува и висока македонска владина делегација, предводена од […]
Перински: Измените на Стратегијата за регионален развој се темелат на реални податоци и резултати

Собранието ги усвои предложените измени и дополнувања на Стратегијата за регионален развој за периодот 2021–2031, со што се обезбедува нејзино усогласување со актуелните демографски и развојни состојби во државата, како и со Националната развојна стратегија 2024–2044. Стратегијата за регионален развој претставува основен долгорочен плански документ со кој се утврдуваат принципите, стратешките цели и приоритетите на […]
ТРИДНЕВЕН ЛЕТЕН БАЗАР – „СЀ ШТО ТИ ТРЕБА ЗА СОВРШЕНО ЛЕТО“, УНИКАТНИ ИНСПИРАЦИИ ОД ДОМАШНИ РАКОТВОРЦИ

Во рамки на платформата Сити Базар, од 19 до 21 јуни на приземјето во Скопје Сити Мол ќе се одржи летен базар „Сѐ што ти треба за совршено лето“, на кој, своите рачно изработени производи ќе ги претстават 26 современи ракотворци. На тридневниот базар ќе бидат претставени рачно изработени производи како органска козметика за заштита од сонце, рачно изработени летни шаторчиња, лепези, термоси и летни аксесоари […]