Сладолед во 18 часот: вечерниот ритуал што ги поврзува генерациите

За Денот на сладоледот, податоците на Wolt откриваат кога и што најчесто се нарачува во Македонија, од вечерниот пик до класиците чоколадо и ванила. Сладоледот е многу повеќе од десерт. Тој е мало секојдневно задоволство што нè враќа во детството, но и ритуал што продолжуваме да го создаваме со нашите деца, родители и пријатели. Малкумина […]

ИЈЗ: Стручни лица и викендов се на работа, анализираат примероци од водата во Гостивар

Институтот за јавно здравје, соопшти попладнево дека по добивање на барање од страна на Јавното обвинителство, веднаш е излезено на терен на посочените локации во Гостивар и земени се примероци за микробиолошки и физичко-хемиски анализи. По враќањето на екипата на ИЈЗ од терен, во раните утрински часови во четврток, веднаш се отпочна постапката за анализа […]

Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток

Војната со Иран и натаму врши притисок врз германското земјоделство, со што постои ризик од недостиг на минерални ѓубрива и дополнително зголемување на производствените трошоци, предупреди претседателот на Германскиот сојуз на земјоделци, Јоахим Руквид. Тој оцени дека состојбата во Персискиот Залив останува нестабилна, што ги зголемува стравувањата за сигурноста на снабдувањето. – Во моментов нема […]

Сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени, соопшти […]

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место

Репрезентациите на Франција и на Англија ќе играат натпревар за третото место на Светското фудбалско првенство 2026. Мечот ќе се одржи на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, со почеток во 23 часот по македонско време. Франција и Англија се сретнале 32 пати во текот на нивната историја, при што Англија победила на 17, Франција победила […]

Земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди источна Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава источната турска провинција Малатија, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случи во 6:20 часот наутро по локално време, со епицентар во округот Баталгази, на длабочина од 15,59 километри, се наведува во соопштението на АФАД. Тресењето на […]

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА БРАНКО АЗЕСКИ НА СРЕДБА ВО EUROCHAMBRES ВО БРИСЕЛ

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со своите соработници оствари работна средба со Ваутер ван Хилк, потпретседател на Eurochambres и генерален менаџер на Федерацијата на белгиски комори, и со генералниот секретар на EUROCHAMBRES Бен Бутерс. Средбата се одржа во седиштето на Асоцијацијата на европски комори Eurochambres во Брисел.  На средбата беше разговарано […]

Проф. Пановски предупредува: Ако водата во Гостивар била загадена со хепатитис А, последиците може да се почувствуваат дури по еден месец

Во коментар на Фејсбук, поврзан со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод, професорот Пановски вели дека загадување на градски водовод е опасна работа, недозволива во 21 век. „Ова сега ќе помине, страшно е, но има цревни вируси кои имаат подолга инкубација. Хепатитис А вирус. Што ако водата се загадила од некој кој е носител или […]

„Екс-ју авиејшн“: Скопскиот е најбрзорастечки меѓу аеродромите во поранешна Југославија

Дваесет и еден комерцијален аеродром во поранешна Југославија со редовен патнички сообраќај опслужија 13.105.289 патници во периодот јануари-мај годинава. Оваа бројка претставува зголемување од 1.074.294 патници во истиот период минатата година,  а Македонија беше најбрзорастечкиот пазар во поранешна Југославија, со додадени 375.766 патници во текот на првите пет месеци од годината – пишува порталот „Екс-ју […]