Проф. Пановски предупредува: Ако водата во Гостивар била загадена со хепатитис А, последиците може да се почувствуваат дури по еден месец

Во коментар на Фејсбук, поврзан со загадувањето на водата во гостиварскиот водовод, професорот Пановски вели дека загадување на градски водовод е опасна работа, недозволива во 21 век.

„Ова сега ќе помине, страшно е, но има цревни вируси кои имаат подолга инкубација. Хепатитис А вирус. Што ако водата се загадила од некој кој е носител или болен од жолтица. Што ќе биде по еден медец ако почне епидемија на хепатитис. Загадување на градски водовод е опасна работа, недозволива во 21 век, а немало ни поплави, ни земјотрес“, стои во коментарот од професорот Никола Пановски.

Тој додава дека во отпадните води има фекални материи од илјадници лица и ако некој од нив е заразен од хепатит А при мешање на отпадните води со водата за пиење, вирусот може да зарази некој кој ја пие таа вода.

Повеќе од истиот автор

Најчитано