ЕВРОИНТЕГРАЦИИ | Што се случува во Брисел? Дали процесот на проширување е сè уште „жив“?

Крајот на минатата година и самиот почеток на оваа 2026 година навестуваа дека Европската Унија конечно ќе смогне сили да направи продор во процесот на проширување или унификација − обединување со (дел од) земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија. Дебатата во институциите на ЕУ, во Европскиот парламент и во земјите членки се продлабочи и […]

Одбележани 34 години Царинска управа, директорот порачува: За криминалот нема место, ќе го истребиме секое зрно кое е труло за системот

34 години царина

Николовски: Од јули 2024 оперативно спречивме 2.700 обиди за нелегални дејствија и поднесовме 332 кривични пријави, финансиски во континуитет гизголемуваме приходите на државата и го зајакнуваме економскиот систем, реформски спроведуваме проекти вредни 30 милиони евра. „За криминалот нема да има место таму каде што од петни жили секој Божји ден се трудиме да градиме силна институција. Промените во системот бараат време, […]

Градоначалниците на Европските престолнини на културата за 2025 година во посета на Скопје за да ги поддржат подготовките за Европската престолнина на културата 2028

Во среда, 15 април, претставници на локалните власти од Кемниц (Германија), Горица (Италија) и Нова Горица (Словенија) ќе го посетат Скопје за низа заеднички активности со Градот Скопје, со цел да споделат искуства поврзани со титулата Европска престолнина на културата (ЕПК), која Скопје ќе ја има во 2028 година. Програмата ќе започне во 10:00 часот со состанок на […]

Избори за нов ректор на УКИМ на 28 април, кандидати се Биљана Ангелова и Дарко Данев

Избори за нов ректор на УКИМ

По две недели, на 28 април, на единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, од 12 до 14 часот, со тајно гласање, ќе се избира ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2026 – 15 септември 2029 година. Во трка се двајца кандидати – актуелната ректорка, проф. д-р Биљана Ангелова, […]

Премиерот Мицкоски најави нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните и намалување на цените на нафтените деривати

Премиерот Христијан Мицкоски денеска очекува да го добие извештајот од страна на институциите, кој треба да се анализира, а потоа од страна на Владата ќе се дадат конкретни мерки со кои ќе се заштити стандардот на граѓаните и да не зголемуваат цените на прехранбените производи. – Очекувам да го добијам извештајот и да го анализираме […]

Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа. – Јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и […]

Се одржува Quantum светскиот форум: Запознајте ги иноваторите на следната генерација хотелски технологии

На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo.  Форумот има за цел да ги поврзе иноваторите, хотелиерите и технолошките компании во областите на вештачката интелигенција, cloud технологиите и дистрибутивните канали. Quantum форумот е првенствено наменет за хотелиерите од земјава кои ќе имаат единствена можност за размена на знаења и искуствa со водечки […]

Усвоен Националниот план за енергија и клима 2025–2030 – 61 мерка која ќе донесе силен раст на обновливите извори и европски стандарди во енергетиката

лого од министерство за енергетика

Владата го усвои Интегрираниот национален план за енергија и клима 2025–2030 – стратешки документ што ја поставува државата на јасна патека кон енергетска трансформација, одржлив развој и целосно усогласување со европските политики. Планот, изработен по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, претставува клучен инструмент за модернизација на енергетскиот сектор и исполнување на […]

Урсула фон дер Лајен: Членките на ЕУ мора да се координираат за цените на енергијата

ЕУ Брисел

Земјите-членки на Европската Унија мора да се координираат околу цените на енергијата, поради зголемувањето на сметките за фосилни горива за 22 милијарди евра од почетокот на војната во Иран, изјави денеска претседателката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен. „Исто така, размислуваме… за координирање на полнењето на складиштата за гас во земјите-членки… Ќе го координираме ослободувањето […]