На 23 април 2026 година во Холидеј Ин Скопје ќе се одржи Quantum – Светскиот форум за хотелска технологија, во организација на NAITM Македонија, а поддржано од платформата Quendoo.
Форумот има за цел да ги поврзе иноваторите, хотелиерите и технолошките компании во областите на вештачката интелигенција, cloud технологиите и дистрибутивните канали.
Quantum форумот е првенствено наменет за хотелиерите од земјава кои ќе имаат единствена можност за размена на знаења и искуствa со водечки професионалци од туристичката индустрија, технолошкиот сектор и онлајн платформите. Да стекнат знаењаи кои ја обликуваат новата дигитална иднина на хотелскиот бизнис.
Присутните ќе имаат можност од врвни експерти за туризам да добијат информации за најновите трендови во индистријата, потоа како анализата на податоците, автоматизацијата и вештачката интелигенција можат да помогнат да се трансформира работењето на хотелите.
Како хотелите и туристичките капацитети да ја зголемат ефикасноста на бизнисот, да ги зголемат директните резервации, да го оптимизираат приходот и намалат зависноста од посредници, и како да го подобрат искуството на клиентите. Како хотелите да воспостават подобра контрола врз цените, директни контакти со клиентите и зголемена лојалност.
Да се запознаат со иновативната платформа Quendoo, како и со дигиталните искуства од регионот, и примери за хотелски капацитети кои за краток период оствариле 30% зголемување на директните резервации и до 20% поголем нето-приход по резервација.
Форумот е за хотели, но и за мали и средни туристички објекти, од бутик хотели до вили и апартмани, кои сакаат подобро и поефикасно да работат, но и за туристички агенции и институции кои сакаат да ја дигитализираат туристичката понуда.
Свои обраќања ќе имаат реномирани и искусни експерти од областа, а листата да се види на следниот линк. Да се регистрирате овде.







