Прометот на Македонска берза во август порасна 17,1%, Комерцијална банка најтргувана

На Македонска берза во август е остварен промет од 445,8 милиони денари, а акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка беа најтргувани.
Ангелов: Два „ер трактори“ ќе го гасат пожарот кај Милетино

Два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) се упатени кон тетовското село Милетино каде има голем пожар во близина на селото и постои опасност огнот да се приближи до населеното место. Тетовските пожарникари се на терен, но гаснењето во шумата е отежнато поради непристапниот и ризичен терен, информира директорот на ДЗС Стојанче […]
Австриската министерка Бауер: Придружното членство во ЕУ може да биде мост, но не и замена за полноправното членство

Предлогот за постепена интеграција односно „придружно членство“ во Европската Унија, е добар бидејќи на граѓаните од државите-кандидати може да им понуди „нешто опипливо“, но тоа никогаш не смее да стане трајна замена за полноправното членство, оцени австриската министерка за Европа, интеграции и семејство Клаудија Бауер. Таа во интервјуто за денешна белградска „Политика“, оценува дека таквиот […]
Повеќе од половина од Европејците имаат прекумерна тежина: Најдебели се Малтежаните

Мажите во ЕУ се подебели од жените. Стапката на дебелина кај мажите е 17,4%, а кај жените 15,3%. Дополнително, 41,9% од мажите биле со прекумерна тежина, во споредба со 29,3% од жените.
Македонија официјално се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор

Македонија денеска и официјално се приклучи на Вертикалниот гасен коридор. Во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Меморандумот за разбирање за приклучување кон иницијативата „Вертикален коридор“ попладнево во Солун во рамки на 10. Форум за енергетика на Југоисточна Европа (SEEF), го потпиша извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама. […]
Finance Think: Економската активност забрза, но забрзувањето е во голема мера поттикнато од буџетски трошења

Во вториот квартал од 2026, растот на БДП забрза на 4.3%. Ова е прв квартал со раст над 4% по пост-пандемиските квартали од 2021 година. Во овој квартал, растот е доминантно воден од градежништвото (21.9%), што на расходната страна се рефлектира и преку висок раст на бруто инвестициите (16.5%). Солидни стапки на раст остварија и индустријата (3.9%) и трговијата (4.1%), а на расходната страна личната потрошувачка (3.3%) и извозот (10.4%). […]
„Time Out“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа во изборот на магазинот „Time Out“, оставајќи зад себе низа познати туристички дестинации од континентот, меѓу кои Сатурнија во Италија, Алберобело во регионот Пуља и норвешките фјордови. Во годишниот избор на најубави европски локации, магазинот не се водел според популарноста на дестинациите, туку според личните препораки на […]
За една година: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро

Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, од вкупно 1.883 поднесени и разгледани барања за остварувањето на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување – БПО, дури 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид – информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Проширувањето на правото до шест обиди за БПО, […]
Технологијата го менува бизнисот, но луѓето одлучуваат како безбедно да ја користат

ACCEPT Finance Market, првиот регионален саем за сметководство, финансии и технологија, ќе се одржи на 16 октомври 2026 година во Загреб, со цел да се претстави иднината на индустријата преку дигитализација и примена на вештачката интелигенција. Саемот, во организација на „CFO Management“ од Загреб, е наменет за експерти од областите на ИТ, финансиите, сметководството и […]
Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 проценти споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој истакнува дека се завршени работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра и оти растот на […]