Технологијата го менува бизнисот, но луѓето одлучуваат како безбедно да ја користат

ACCEPT Finance Market, првиот регионален саем за сметководство, финансии и технологија, ќе се одржи на 16 октомври 2026 година во Загреб, со цел да се претстави иднината на индустријата преку дигитализација и примена на вештачката интелигенција. Саемот, во организација на „CFO Management“ од Загреб, е наменет за експерти од областите на ИТ, финансиите, сметководството и човечките ресурси.

На ACCEPT Finance Market, посетителите ќе можат да видат конкретни решенија, да се запознаат со нивните добавувачи, да слушнат искуства од луѓе кои веќе ја користат технологијата и отворено да разговараат за придобивките, но и за предизвиците при нејзиното воведување. Денес постојат повеќе технологии од кога било, но вистинското прашање е како, меѓу бројните алатки со вештачка интелигенција, системите за автоматизација, аналитиката, решенијата во облак (cloud) и новите дигитални платформи, да се пронајде онаа алатка што најдобро ќе помогне во трансформацијата на работењето на конкретна компанија.

„Дигиталното решение што само додава уште еден систем и уште еден чекор во некој процес, не претставува трансформација. Вистинската вредност се создава кога технологијата ја поедноставува работата, ги поврзува податоците и луѓето и го ослободува времето на вработените за задачи во кои тие можат да придонесат со вистинска вредност. Токму затоа дигитализацијата веќе не е само прашање од областа на ИТ; таа го трансформира начинот на кој функционираат секторите за финансии, сметководство, контрола и човечки ресурси, како и работата на менаџментот, кој секојдневно носи сложени одлуки“, истакнува Ивана Живковиќ Абрахам, организатор на настанот.

Секторот за човечки ресурси игра особено важна улога во овој процес. Компаниите се соочуваат со растечкиот предизвик да ги пронајдат вистинските алатки, а истовремено да ги развиваат и задржат вработените способни за работа во оваа нова средина. Технологијата може да ги автоматизира рутинските задачи, но сама по себе не може да ги идентификува деловните проблеми, да носи одлуки, да поврзува различни функции или да гради односи со луѓето. Следствено, инвестирањето во дигитализација без истовремено вложување во знаењето и компетенциите на вработените, за жал, ќе има многу ограничен ефект.

„Најголемата пречка е јазот помеѓу она што технологијата може да го направи денес и она што компаниите навистина го знаат и се подготвени да го имплементираат. ACCEPT има за цел да го премости токму тој јаз – поврзувајќи ги луѓето што препознаваат деловен проблем со оние што нудат решение за него“, додава Живковиќ Абрахам.

Организаторите исто така ја истакнуваат важноста од негување култура на континуирано учење. Новите генерации вработени имаат поинакви очекувања во однос на работното место; тие не сакаат да го поминуваат времето во бескрајно препишување податоци, чекање некој да испрати табела или извршување рутински задачи што може да ги заврши технологијата. Компаниите што нема да го разберат ова ќе се соочат со предизвици не само во поглед на дигитализацијата, туку и во привлекувањето и задржувањето на врвните таленти.

Искра Конеска, експерт за развој на човечки ресурси во мултинационални компании од Скопје, ќе зборува за овие важни теми преку презентација за планирање на работната сила и организациски развој засновани на вештачка интелигенција, додека стартапот „FynTwin“ ќе го претстави своето финтек-решение кое делува како вистински дигитален финансиски експерт. Ова решение ги поврзува реалните финансиски податоци, сметководствените и даночните прописи, „научената“ примена на сите релевантни регулативи и вештачката интелигенција, при што за неколку секунди генерира низа анализи за чија изработка претходно биле потребни денови или недели.

Повеќе информации за саемот се достапни на страницата: ACCEPT Finance Market 2026 — Live Networking & Interaction · Zagreb, 16.10.2026


(комерцијална објава во рамки на медиумското партнерство на Економија и бизнис и „CFO Management“ од Загреб, организатор на ACCEPT Finance Market)

Повеќе од истиот автор

Најчитано