САД ЌЕ РЕСТАРИРА ТРИ ЗАТВОРЕНИ НУКЛЕАРКИ ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ДАТА ЦЕНТРИТЕ ЗА ВИ

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да се справи со зголемената побарувачка за енергија со повторно оживување на три затворени нуклеарни централи, особено за потребите на огромните центри за податоци за вештачка интелигенција.

Министерството за енергетика на САД ќе издвои 4,4 милијарди долари за обнова на нуклеарните централи во Мичиген, Пенсилванија и во Ајова.

Целта е да се добијат вкупно 2,25 гигавати електрична енергија, што би напојувало околу два милиони домаќинства и бизниси.

Сите три централи беа затворени пред да им истечат лиценците, главно затоа што цената по која произведуваа електрична енергија се сметаше за превисока.

Два од трите наведени центри имаат договори со големи технолошки компании кои ќе платат за големи количини енергија за напојување на центрите за податоци со вештачка интелигенција.

Администрацијата на Трамп силно го поддржува развојот на нуклеарната енергија во корист на производството и вештачката интелигенција.


Фото Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано