Прометот на Македонска берза во август порасна 17,1%, Комерцијална банка најтргувана

На Македонска берза во август е остварен промет од 445,8 милиони денари, а акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка беа најтргувани.
Македонска берза – месечен извештај за август 2026 година и движење на прометот и акциите.

Македонската берза во август бележи засилена трговска активност, со вкупен промет од 445,8 милиони денари, што е раст од 17,1% во однос на јули. Најголем интерес кај инвеститорите имаше за акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка, додека најголем месечен раст од 9,66% забележа ТИТАН УСЈЕ.

Месечен извештај: Македонска берза август 2026 година

Берза: Македонска берза
Вкупен промет: 445,8 милиони денари
Промена: +17.1 % (во однос на јули)
Најтргувана акција: Комерцијална банка
Топ 3 по промет: Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и НЛБ Банка АД Скопје
Акции со раст: 6
Акции со пад: 8
Најголем раст: ТИТАН УСЈЕ АД Скопје (+9.66 %)
Најголем пад: Адинг Скопје (-7.41 %)

Во месец август годинава на Македонската берза на хартии од вредност на официјалниот и на редовниот пазар беше остварен вкупен промет од 445.8 милиони денари (7.25 милиони евра), што претставува зголемување од 17.19 % во однос на претходниот месец (јули) од 2026 година.

Овој промет беше остварен со 960 трансакции со кои се истргуваа 34 440 акции и 52 004 oбврзници. Дополнително во 4 блок транскации се истргуваа уште 1 236 акции.

Најтргувани акции во август 2026

Најголем промет во август на Македонска берза имаа акциите на Комерцијална банка, Алкалоид Скопје и НЛБ Банка АД Скопје со 108.7, 50.7 и 19.4 милиони денари.

Потоа следуваат Гранит Скопје и Макпетрол Скопје со промет 12,7 и 9,1 милиони денари.

КомпанијаПромет
Комерцијална банка108,7 милиони денари
Алкалоид50,7 милиони денари
НЛБ Банка АД Скопје19,4 милиони денари
Гранит Скопје12,7 милиони денари
Макпетрол Скопје9,1 милиони денари

Добитници и губитници

Топ 3 акции со раст на вредноста во август се:

  • ТИТАН УСЈЕ АД Скопје – раст од 9,66 %
  • Хотели Метропол Охрид – раст од 6,44 %
  • Гранит Скопје – раст од 5,8 %

Топ 3 акции со пад на вредноста во јули се:

  • Адинг Скопје – пад од 7,41 %
  • Макстил Скопје – пад од 6,78 %
  • Реплек Скопје – пад од 3,95 %

Активност по количина

Според бројот на истргувани акции, најактивни беа:

  • Гранит Скопје – 8 481 акции
  • Македонски Телеком Скопје – 6 358 акции
  • Либерти АД Скопје – 4 467 акции

Истовремено во месец август беа реализирани и 4 блок трансакции. Една со акциите на Комерцијална банка Скопје (се истргуваа 93 акции за 2,44 милиони денари). Две трансакции со акциите на Алкалоид (се истргуваа 803 акции за 18 милиони денари) и една блок трансакција со акциите на Институт за заварув. Југ Скопје (340 акции за 3,1 милиони денари).

Август донесе зголемена активност на Македонска берза, со раст на вкупниот промет од 17,1% во однос на јули. Тргувањето и понатаму е концентрирано кај најголемите и најликвидни компании, предводени од Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка. Во однос на ценовните движења, месецот донесе различни резултати, со ТИТАН УСЈЕ како најголем добитник и Адинг како најголем губитник.


подготви: Кирко Бошкоски, Економија и бизнис

Повеќе од истиот автор

Најчитано