Најмногу жртви во поплавите во Шпанија има во Валенсија
Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада. Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе. Владата наведува дека е извршена обдукција на сите […]
ПРОДОЛЖУВА ПАДОТ НА ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО
Цените на златото го продолжија својот пад и го достигнаа најниското ниво во последните два месеца. Златото поевтини за речиси седум отсто од минатонеделните избори во САД и достигна цена од 2.559,2 долари за унца. На тргувањето на берзата во Њујорк златото се продаваше за 2.567,3 долари. – Се случува пауза на пазарот на злато […]
Елизабета Чуповскa: За модернизирањето на армијата предвидени се 4,5 милијарди денари
Државната секретарка во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска, денеска на платформата „100% посветени за тебе на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“ што се одржа во Владата, посочи дека во рамки на Министерството продолжува реализацијата на договорите за набавка на опрема и модернизација на капацитетите на Армијата. За таа намена за наредната година планирано […]
Потенцијален инвеститор заинтересиран за изградба на когенеративна гасна постројка
Има потенцијален инвеститор којшто сака да инвестира една милијарда евра во когенеративна гасна постројка, најави премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на бизнис форумот „Дијалог помеѓу бизнис секторот и Владата“ што денеска се одржа во Скопје во организација на Стопанската комора на Македонија-Турција – МАТТО. Нагласи дека веднаш по настанот оди во Владата на состанок со […]
Се продлабочува енергетската соработка со Азербејџан
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од официјалната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, присуствуваше на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Во фокусот на разговорите беше потенцијалот за соработка во областа на енергетиката, посебно гасификацијата. -За време на средбата беа […]
ЦЕНИТЕ НА КАКАОТО, КАФЕТО, ЧАЈОТ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ ВРЕДНОСТА НА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ
Глобалниот увоз на храна ќе се зголеми за 2,2 отсто во однос на претходната година и ќе надмине два трилиона долари во 2024 година, поради високите цени на какаото, кафето и чајот и на увозот на овошје и зеленчук, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Трошоците за увоз […]
Димитриеска-Кочоска: Зад бројките во Предлог-буџетот стои нов концепт
Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Според Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот е развоен со социјална […]
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПЛАНИРА СОЗДАВАЊЕ НА ПЕНЗИСКИ „МЕГАФОНД“
Британската министерка за финансии Рејчел Ривс денеска ги објави плановите за спојување на десетици пензиски фондови за да се ослободат десетици милијарди фунти за инвестиции и поттикнување на економскиот раст. Ривс рече дека создавањето на таканаречените „мегафондови“ ќе ја претставува „најголемата пензиска реформа во последните децении“. Таа смета дека спојувањето може да ослободи 80 милијарди […]
„Пред дождот“ на Манчевски прикажан во Кина по повод 30 годишнината од премиерата
Македонскиот филм „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, по повод 30-годишнината од премиерата во 1994 година, изминатата недела беше прикажан во Сужу во Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии […]
ЗА МЕСЕЦОТ НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ, Бесплатни скрининг прегледи секој четврток во Здравствен дом Железничар
Секој четврток месецов, вклучувајќи го и денешниот, најстариот здравствен дом во државава, Железничар врши бесплатно испитување на крвта на машки лица над 45 години, со цел рано дијагностицирање на канцер на простата. Тоа, како дел од светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје, чие мото годинава е Грижи се за себе. […]