ФЕД НЕМА ДА БРЗА СО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, ПОРАДИ СИЛИНАТА НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА
Силниот економски раст на САД ќе им овозможи на креаторите на монетарната политика да не брзаат кога ќе одлучат да ги намалат каматните стапки, изјави претседателот на Федералните резерви Џером Пауел. – Од економијата не пристигнуваат никакви сигнали дека треба да побрзаме со намалување на каматите. Силата која ја гледаме во економијата ни дава можност […]
Пуштен во употреба нов детски велодром во паркот Сарај – донација од Стопанска банка
Преку својата долгогодишна општествено-одговорна кампања „Вози право, вози здраво“, Стопанска банка продолжува да ја збогатува понудата на урбана велосипедска опрема во Скопје на задоволство на децата и семејствата од градот. Деновиве беше предаден во употреба вториот СТБ Детски велодром, изграден во еден од најубавите паркови во државата, паркот Сарај, на површина од 1.500 метри квадратни. […]
Со велосипеди ќе се исцртува голем мустаќ како симбол за машкото здравје во Градскиот парк
Машкото здравје е во фокусот на настанот „Пуштам БРК, БРКам здравје“ во организација на dm дрогерие маркт кој ќе се одржи на 17 ноември (недела) во 11 часот во Градскиот парк во Скопје. Ентузијастите кои веќе се пријавија ќе возат две велосипедски рути од 100 километри и од 3,5 километри, но сите заинтересирани ќе можат […]
Во Куманово зголемен бројот на заболени од дијабетес, причина лошите навики во исхраната
Расте бројот на заболени од дијбетес во Куманово, информираа денеска надлежните лекари од Општа болница Куманово. Според податоците на Центарот за дијабетес од Куманово во моментов има 4.232 заболени од дијабет на подрачје на општина Куманово, од Липково се евидентирани 729 и 136 во општина Старо Нагоричане, претежно од женски пол. – Организираме предавања, трибини, […]
ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар
Нова активност на компанијата ОКТА во рамки на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ“, посветена кон поттикнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Овој пат компанијата донираше шест фотоволтаични сообраќајни знаци кои што се поставени на стратешки локации во Општина Центар, односно во близина на пет основни училишта: „Јохан Хајнрих Песталоци“, „Кочо […]
РАБОТИЛНИЦА НА МЕД: Во Македонија најзагрозени се иглолисните шуми
Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) спроведе дводневна национална работилница за одржливо управување со шумите, на која учествуваа околу 50 учесници. Како што информира МЕД, директорот на регионалната канцеларија на IUCN Оливер Аврамовски потенцирал дека оваа работилница ја гледа како можност за зголемување на комуникацијата и соработката […]
Водата за пиење во Тетово со невообичаен вкус и мирис, но нема опасност по луѓето
Деновиве повторно во Тетово, водата за пиење има невообичаен мирис и вкус, што од 2017 година се појавува речиси секоја есен во октомври или ноември, но надлежните уверуваат дека водата е безбедна за пиење. Според д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово, непријатниот мирис и вкус доаѓа поради паѓање на вегетацијата, најмногу од […]
Економија и бизнис | 15 ноември 2024г.
Во бројот од 15 ноември 2024г. ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.
Одрони на патот Делчево – М.Каменица кај с.Очипала
Појава на одрони утрово се регистрирани на патот Делчево – Македонска Каменица во близина на с.Очипала. Од подружницата на Македонија Пат информираа дека одроните редовни се чистат и апелираа внимателно движење долж овој патен правец кој е дел од магистралата А3. – Знаеме дека се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави, а […]
МВР: Граѓаните да внимаваат на измамите од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица, се вели во соопштението од МВР, се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со […]