СУШАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВЛИЈАЕШЕ НА ЗГОЛЕМЕНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО СРБИЈА

Годишната стапка на инфлација во октомври во Србија се зголеми на 4,5 отсто, по септемвриската 4,2 отсто. Растот на потрошувачките цени се приближи на горната граница од проекциите на Централната банка на Србија. Растот на високите цени на прехранбените производи се гледа и на пазарите во Србија, а тоа се должи и на сушата што […]

ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЕУ

Сезонски прилагодена индустриско производство во еврозоната во септември се намали за 2,8 отсто на годишно ниво и за два отсто во однос на претходниот месец, објави Евростат. Во Европската Унија индустриското производство, според прелиминарните процени, во септември се намали за 2,4 отсто на меѓугодишно ниво и за два отсто на месечно ниво. Најголемиот годишен раст […]

КУПУВАЧИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА ЦЕНИТЕ НА ЦРН ПЕТОК, предупредуваат од Хрватското здружение за заштита на потрошувачите

Црниот петок во Хрватска е далеку поразличен од оној што се применува во Америка и затоа хрватските граѓани треба да бидат внимателни пред да одлучат да пазарат на денот со „најголеми попусти на производите“, предупредува Ана Кнежевиќ, претседателката на Хрватското здружение за заштита на потрошувачи. – Во САД на 29 ноември во продавниците може да […]

СРБИЈА САКА ДА УЧЕСТВУВА ВО СОПСТВЕНОСТА ВО НУКЕЛАРКАТА ВО УНГАРИЈА

Железничката линија Белград-Будимпешта на која ќе сообраќа брзиот воз ќе биде отворена најдоцна до март 2026 година и патувањето ќе трае два часа и 45 минути, објави српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта. На состанокот Вучиќ го замолил Орбан да ја разгледа желбата на Србија да биде сопственик […]

Kои мерки ги препорачува ЦЕФТА за поедноставување на осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица?

Во контекст на последните медиумски информации за осигурувањето за моторна одговорност кон трети лица (MTPL) и зелената карта, Секретаријатот на ЦЕФТА сака да обезбеди јасни и точни информации за јавноста. На 9 октомври 2024 година, Заедничкиот комитет на ЦЕФТА ја усвои Препораката 1/2024, која на страните на ЦЕФТА им предлага мерки за олеснување на процесите […]

Димитриеска-Кочоска: Зад бројките во Предлог-буџетот стои нов концепт

Предлог-буџетот за 2025 година се базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции и обезбедува непречено функционирање на институциите на државата и редовно сервисирање на обврските, нагласи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во нејзиното обраќање пред пратениците на првиот ден од комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Според Димитриеска-Кочоска, Предлог-буџетот е развоен со социјална […]

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПЛАНИРА СОЗДАВАЊЕ НА ПЕНЗИСКИ „МЕГАФОНД“

Британската министерка за финансии Рејчел Ривс денеска ги објави плановите за спојување на десетици пензиски фондови за да се ослободат десетици милијарди фунти за инвестиции и поттикнување на економскиот раст. Ривс рече дека создавањето на таканаречените „мегафондови“ ќе ја претставува „најголемата пензиска реформа во последните децении“. Таа смета дека спојувањето може да ослободи 80 милијарди […]

„Пред дождот“ на Манчевски прикажан во Кина по повод 30 годишнината од премиерата

Македонскиот филм „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски, по повод 30-годишнината од премиерата во 1994 година, изминатата недела беше прикажан во Сужу во Кина. Во организација на Државниот филмски архив на Кина, Манчевски со видео-обраќање го претстави „Пред дождот“ пред кинеската публика, а филмот имаше имаше три проекции за три дена проследени со панел дискусии […]

ЗА МЕСЕЦОТ НА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ, Бесплатни скрининг прегледи секој четврток во Здравствен дом Железничар

Секој четврток месецов, вклучувајќи го и денешниот, најстариот здравствен дом во државава, Железничар врши бесплатно испитување на крвта на машки лица над 45 години, со цел рано дијагностицирање на канцер на простата. Тоа, како дел од светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје, чие мото годинава е Грижи се за себе. […]

МВР набави нова машина за печатење лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи. Со новата машина за печатење на лични документи треба тројно да се зголеми капацитетот и да се забрза издавањето на документите. – Машината ги печати сите видови картични документи кои ги […]