ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ 2,3 ОТСТО, РОМАНИЈА СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА

Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври 2024 година изнесуваше два отсто, додека годишната стапка на инфлација во Европската Унија за истиот период изнесуваше 2,3 отсто, објави Евростат. Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември годинава беше на ниво од 1,7 отсто, а минатата година беше 2,9 отсто. Годишната стапка на инфлација во […]

Претставена платформата Линкер – мост меѓу студентите и бизнисите

Слушнете ги нашите гласови, иновативни предлози и визии за иднината, дозволете ни да бидеме дел од процесот на донесување одлуки, формирајте средини во кои младите ќе бидат активно вклучени во економијата и општеството преку програми за вработување, образование и поддршка на иновации, побараа денеска студентите од креаторите на политиките. Од настанот по повод Меѓународниот ден […]

Загаденост на воздухот во Њу Делхи – 60 пати над максималниот праг

Загаденоста на воздухот во Њу Делхи утринава достигна ниво што е 60 пати над максималниот праг поставен од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат мерењата спроведени од компанијата IQAir. Концентрацијата на ПМ2,5 микрочестички (најопасни затоа што влегуваат во крвта) измерена утринава на одредени мерни точки од мегаполисот во кој живеат околу 30 милиони лица, изнесува 907 […]

Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор

Двата најголеми синдикати во Грција – во приватниот (ГСЕЕ) и во јавниот сектор (АДЕДИ) на 20 ноември ќе стапат во 24-часовен генерален штрајк. Досега своето учество во штрајкот го најавија синдикатот на вработените во приватното образование, во градежништвото, во државните болници и во банкарскиот сектор. Синдикатот на грчките морнари најави дека в среда сите бродови […]

Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра. – Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да […]

Eкономијата и образованието во фокус на меѓународната конференција ICON BEST 2024

Науката ги има одговорите на глобалните предизвици, нејзино е да ги сподели со политичарите и со Владите, а тие треба да слушаат! Ова е една од пораките на академската фела на меѓународната конференција ICON BEST 2024 која денеска се одржа на Универзитетот Скопје. Меѓу говорниците на овој престижен настан се докажани професионалци од регионот и […]

Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА, информираат од НБО

Зелениот Картон (ЗК) е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија . Тој е во функција и е неизвесно кога и дали воопшто ќе има промени околу неговото користење. Според Националното биро за осигурување прашањето за спојување […]

ВО ЕУ НАЈМНОГУ СИРОМАШНИ ИМА МЕЃУ ГРАЃАНИТЕ ВО ГРЦИЈА

Во Европската Унија во 2023 година речици една третина од населението или 28,8 отсто од граѓаните се изјасниле како субјективно сиромашни, а тоа се лицата кои имаат пониско ниво на образование. Во 2022 година во оваа категорија на граѓани биле 29,5 отсто од граѓаните на ЕУ, објави денеска Евростат. Овој процент е за трипати помал […]

КИНА СТАНУВА ГЛОБАЛЕН ПРОИЗВОДИТЕЛ НА СТРУЈА ОД ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ НА МОРЕ

Кина во третиот квартал 2024 година на својата национална електрична мрежа приклучила ветерни електрани на море со капацитет од 39,1 милион киловати, со што го зазема првото место во светот. Кина разви целосни технолошки и индустриски системи за производство на електрична енергија од ветерни електрани на површината на морето. Инсталираните капацитети на овој вид на […]

КРИЗА ВО СЕКТОРОТ ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ

Пазарот за луксузни производи неколку години се соочува со последиците од економската криза, а годинава ќе има дополнително забавување на продажбата и тоа е за прв пат од Големата рецесија во 2009 година. Само една третина од луксузните брендови ќе ја завршат годината со позитивен раст во однос на две третини минатата година, покажува анализата […]