СРБИТЕ ПОВЕЌЕ ТРОШАТ ЗА ЦИГАРИ ОТКОЛКУ ЗА ОВОШЈЕ ИЛИ ЗА ОБЛЕКА
Домаќинствата во Србија минатата година трошеле 37 отсто од приходите на храна и безалкохолни пијалоци, а 10 отсто од домаќинствата со најниските приходи трошеле 50 отсто од месечниот буџет за храна , покажала Анкетата за потрошувачката на домаќинствата. Минатата година граѓаните на Србија трошеле повеќе за цигари и тутун во просек 3.116 динари, од трошоците […]
Отворен ден во Бимилк: Граѓаните се информираа за врвниот квалитет на млечните производи
На одбележувањето на Светскиот ден на квалитет, компанијата традиционално ги отвори вратите за заинтересираните граѓани, со цел да се запознаат со целиот процес на производство на млекото и на млечните производи, но и да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Бимилк ги применува во секојдневниот производен процес. Интересот на верните потрошувачи кои сакаа […]
Проектот „Купи куќа за млади“ ќе се реализира по Нова година
По Нова година ќе излеземе со условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учествуваат на проектот „Купи куќа за млади“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. – Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за […]
Во пресрет на „Винска визија – Отворен Балкан“ вицепремиерот Стоилковиќ се сретна со Младеновска – Јеленковиќ од „Вина од Македонија“
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ оствари работна средба со Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“. Двајцата соговорници на средбата, а во пресрет на третата по ред „Винска визија – Отворен Балкан“ што од 22 до 24 ноември се одржува на Белградскиот саем, зборуваа […]
15-то издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“
Под слоганот „Вкуси го мометот, искуси ја авантурата“, изминатот викенд во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци се одржа петнаесетото издание на Фествалот на младо вино – еден од најпрестижните настани во регионот, посветени на виното и винската културасо кој оваа година го прославуваме секој момент на уживање и авантури кои ги раскажува виното и ги […]
ДХЛ Експрес e на прво место во World’s Best Workplaces™
Рангиран помеѓу топ 3 World’s Best Workplaces™ петта година по ред / на прво место во регионалните рангирања низ Азија, Латинска Америка и Европа. Петта година по ред, ДХЛ Експрес е прогласен за едно од World’s Best Workplaces™ и оваа година ја освои престижната #1 глобална позиција. Компанијата исто така ја освои првата позиција на […]
ГЕРМАНЦИТЕ ГИ ЧЕКААТ ПОПУСТИТЕ, НО СЕ ПОВОЗДРЖАНИ ВО КУПУВАЊЕТО
Мнозинството Германци планираат за претстојниот Црн петок да го искористат за купување на производи кои им недостасуваат, но не се подготвени да потрошат повеќе во однос на претходната година, оценува националното здружение за трговија ХДЕ. Околу 46 отсто од испитаниците во анкетата на 1.000 граѓани одговориле дека ќе ги чекаат попустите. Ова е за три […]
Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела да излеземе со конечна позиција за каматите и да тргне оваа работа, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на каматите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, и парите да бидат ставени во функција. -Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за […]
Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е компаниите да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки
Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност таа да биде на пониско ниво и од 3,25%, како и да се утврдат некои детали во однос на критериумите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител, која истакна […]
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ 2,3 ОТСТО, РОМАНИЈА СО НАЈВИСОКА ИНФЛАЦИЈА
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври 2024 година изнесуваше два отсто, додека годишната стапка на инфлација во Европската Унија за истиот период изнесуваше 2,3 отсто, објави Евростат. Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември годинава беше на ниво од 1,7 отсто, а минатата година беше 2,9 отсто. Годишната стапка на инфлација во […]