Новогодишна наградна игра: Веро доделува половина милион денари за најсреќниот потрошувач
Како загревање за претстојниот празничен период, Веро традиционално ја организира новогодишната наградна игра за своите потрошувачи, која ќе кулминира со извлекување на многу вредна, главна награда – ваучер за шопинг од 500.000 денари. Наградната игра ќе трае до 29 декември. Покрај вредната главна награда, секоја сабота ќе се извлекуваат добитници на вкупно 24 вредносни ваучери […]
Навигација низ етичкиот хоризонт на бизнис-аналитиката
Во бизнис-аналитиката, етиката е од суштинско значење за да се обезбеди интегритет на податоците и да се поттикне довербата. Со моќ да влијаат на големите одлуки, организациите мора да дадат приоритет на приватноста на податоците, да избегнуваат предрасуди и да бидат транспарентни за користењето на податоците. Почитувањето на етичките стандарди не е само за усогласеност […]
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС од полноќ се намалува за 0,136 денари и ќе изнесува 43,708 денари за килограм, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Извор/фото МИА
КРИЗА ВО СЕКТОРОТ ЗА ЛУКСУЗНИ ПРОИЗВОДИ
Пазарот за луксузни производи неколку години се соочува со последиците од економската криза, а годинава ќе има дополнително забавување на продажбата и тоа е за прв пат од Големата рецесија во 2009 година. Само една третина од луксузните брендови ќе ја завршат годината со позитивен раст во однос на две третини минатата година, покажува анализата […]
Соработка на ИСОС со Светска Банка: Едукацијата има клучно значење за развојот на сметководствената професија
Трансфер на напредно знаење и практични искуства за најновите Меѓународни стандарди за финансиско известување (МФСИ) заради нивна ефикасна примена во нашата земја, беше главната цел на стручната работилница, која од 12 до 15 ноември 2024 се одржа во Скопје, во организација на Центарот за реформа на финансиско известување на Групацијата на Светска Банка и Институтот […]
БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ ДА ПРЕЗЕМАТ ГЛОБАЛНА АКЦИЈА ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА 3.000 МИЛИЈАРДЕРИ, апел на министерот за економија на Шпанија Карлос Куерпо
Министерот за економија на Шпанија Карлос Куерпо ги повика најбогатите земји во светот да „бидат храбри“ и да ги зголемат напорите за да се постигне договор за глобалното минимално оданочување на 3.000 милијардери. Неодамнешните избори покажуваат дека граѓаните бараат „редистрибуција на богатството“, изјави тој при неговата посета на Лондон пред денешниот состанок на лидерите на […]
Новиот светски поредок на Путин
Рускиот претседател Владимир Путин беше домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој се одржа во градот Казан, инаку главниот град на мултиетничката и мултиверската Република Татарстан.Форумот, на кој учествуваа 24 шефови на држави и на влади и 36 делегации од странски земји, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање „нов светски поредок“ за […]
Помалку универзитети и нов модел на финансирање, пораки за квалитетно високо образование на Меѓународен ден на студентите
Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември денеска се одбележува со неколку настани, меѓу кои беа и панел-дискусии на Правниот факултет „Јустинија Први“ на УКИМ. Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет, Александар Николовски, истакна дека за студентите е најважен квалитетот на високото образование, намалување на, како што рече, „огромниот број студиски програми“, промена […]
Тркалезна маса: Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист
Мисирков не е само македонски лингвист, тој е и европски лингвист и е нашиот цивилизациски влог во развојот на филолошката, на лингвистичката мисла од тој период. Тој ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината и мајчиниот јазик. Афирмацијата на неговото дело и академски профил е потребна и денес особено кога од […]
Бесплатни прегледи се одбележува Денот на хронична опструктивна белодробна болест
Повеќето граѓани не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест. Бесплатни прегледи од стручни лица се вршат денеска по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во „Сити мол“ во Скопје, каде граѓаните може да се тестираат и доколку биде потребно, да добијат препорака да се јават за дополнително испитување. Доцент доктор Димитар Каркински, […]