НОРВЕШКА СТАНУВА ГЛАВЕН ИЗВОР НА ГАС ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

Норвешка произведе рекордно количество гас во 2024 година, а во 2025 година производството благо ќе го намали, соопштија од Државната управа за енергетика (НОД). Производството на гас во земјата лани се зголемило за 6,9 отсто, на 124 милијарди кубни метри. Во 2023 година, Норвешка произведуваше помалку гас поради честите проблеми со гасоводот и одржувањето. Претходниот […]

ВО ЈАНУАРИ ПОЧНУВА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРВИОТ Е-АВТОМОБИЛ ОД ФАБРИКА НА БАЛКАНОТ

Србија ќе биде прва земја на Балканот која ќе има финално производство на електрични возила. Според најавите, сериското производство на електричниот автомобил „фијат гранде панда“ во фабриката во Крагујевац ќе почне третата недела во јануари. Планирано е прво да се произведуваат електрични, а потоа и хибридни возила. За купувачите кои ќе купат е-возила, државата одобрува […]

Цената на сировото кафе никогаш не била повисока! И производителите во Македонија принудени да ги прилагодат цените

Цената на сировото кафе во светот достигна највисоко ниво досега – се удвои за само една година. Причините се многубројни: опаѓање на приносите во клучните региони, климатски катастрофи и неправилности во глобалното снабдување. Сето ова се одрази и на домашниот пазар. Поради глобалните предизвици, производителите мораа да ги приспособат цените на своите производи за да […]

ЕКОНОМСКИОТ ПАД НА ГЕРМАНИЈА ПРЕДИЗВИКА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА СТЕЧАИ

Во услови на економски пад во Германија, бројот на компании во земјата кои поднесоа барање за стечај се зголеми за 16,8 отсто во 2024 година во споредба со годината пред тоа, се вели во извештајот на Федералниот завод за статистика објавен денеска, јави ДПА. Во последниот месец од годината, пријавите за несолвентност се зголемија за […]

Суџубаши: Халкбанк ќе продолжи да биде позитивен двигател на македонскиот банкарски сектор

„Геополитичките случувања и во 2025 година ќе имаат сериозно влијание врз бизнисот во Европа. Овој пат се очекува стабилизација и постепено намалување на каматните стапки, но неизвесноста останува значајна. Халкбанк со својата стабилност, со иновативноста и со посветеноста на клиентите и во 2025 година ќе продолжи да игра клучна улога во развојот на банкарскиот сектор […]

Кустурица: Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5 %

„Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5%, поддржан од зголемени инвестиции и раст на извозот. И покрај моменталните шокови на европскиот пазар, може да зборуваме со умерен оптимизам и очекувања за постепено економско закрепнување на Европската унија и зголемената побарувачка од нашите трговски партнери. Инфлацијата треба да се […]

ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ВОДИЦИ

По повод престојниот верски празник Богојавление – Водици денеска во Охрид беше одржан првиот координативен состанок, на кој беа разгледани деталите околу чествувањето на празникот, што секоја година во градот привлекува голем број верници и посетители. Согласно традицијата, Богојавленските празнувања и оваа година се поделени на два дела и тоа верски односно црковни чествувања, што […]

Тошковски: Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти

Старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење. Со тие може да се премине и државната граница, изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од полицискиот одделение во Групчин, каде се отвори нова канцеларија за управните служби. Тој порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно […]

Штип ќе понуди сто парцели за куќи во близина на Три Чешми

Продадени се десет плацеви за изградба на куќи веднаш до населбата Три Чешми во Штип. Интересот од страна на граѓаните е задоволителен, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека поради интересот на граѓаните да инвестираат во изградба на куќи во наредниот период согласно Деталниот урбанистички план (ДУП) ќе биде распишен нов […]

Бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“

Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и компанијата за превоз „МИГ Травел“, денеска ја реализира првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“. Посета на скијачкиот центар „Копанки“ оствари градоначалникот Тони Коњановски каде беше информиран дека првиот ден го искористиле стотина […]