Бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“
Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и компанијата за превоз „МИГ Травел“, денеска ја реализира првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“. Посета на скијачкиот центар „Копанки“ оствари градоначалникот Тони Коњановски каде беше информиран дека првиот ден го искористиле стотина […]
КОПЕРНИКУС ПОТВРДИ: МИНАТАТА ГОДИНА БЕШЕ НАЈТОПЛАТА ДОСЕГА
Минатата година беше најтоплата досега и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците. Агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперникус ги потврди претходните проекции дека 2024 година ќе биде најтоплата година забележана на глобално ниво и навистина е првата календарска година во која просечната […]
Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник
Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник. Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите […]
МВР СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ
Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци […]
Засега не е познат точниот број на загинати во пожарите во Лос Анџелес, наредба за евакуација на 180.000 жители
Во округот Лос Анџелес сè уште има 179.783 жители под наредба за евакуација, изјави денеска шерифот Роберт Г. Луна. – Тоа се скоро 180.000 луѓе во округот Лос Анџелес кои моментално се под наредба за евакуација, а уште близу 200.000 жители се под предупредување за евакуација, рече Луна. Предупредувањата за евакуација се совети за жителите […]
Зафировски: Заедно можеме да изградиме попросперитетна иднина
„Во 2025 година очекувам посилен економски раст, со цел од 4 %, придружен од силни економски реформи, подобрувања во деловниот амбиент, повисоки инвестиции на јавниот и на приватниот сектор и повисоки нивоа на странски директни инвестиции споредено со претходните години. Реформите и инвестициите треба да го отклучат потенцијалот за долгорочен раст бидејќи земјава мора да […]
Угостителските услуги поскапеле за 5,6 отсто, ноќевањата поскапи за 22,8 отсто
Цените на угостителските услуги во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 6,1 %. Во споредба со ноември 2024, пак, цените пораснале за 0,6 %, соопшти Државниот завод за статистика. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот […]
ДОАЃААТ ПОТЕШКИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА
Германските фирми од автоиндустријата не очекуваат позитивни сигнали од работењето на надворешните пазари, бидејќи вредноста на индексот за очекувањата од извозот се намали од минус 19,1 поен во ноември на минус 20,3 поени. Расположението во автомобилскиот сектор во Германија се влоши дополнително и се повеќе компании размислуваат за отпуштање на работници, се заклучува во извештајот […]
СРБИЈА СО РЕКОРДНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА
Во текот на минатата година Србија привлече рекордни 5,1 милијарда евра на странски директни инвестиции, а 37,2 отсто се од земјите од Европската Унија и 34 отсто се од азиските земји. Кина е на прво место како најголем инвеститор во Србија, изјави Јагода Лазаревиќ, помошник министер за надворешни работи за економска дипломатија во разговор за […]
Три вида птици во Преспанското Езеро се документирани во Меѓународниот попис
Националната агенција за заштитени подрачја од Корча соопшти дека во текот на 2024 година, Меѓународниот попис на водни птици документирал податоци за три вида птици во Преспанското Езеро, Мала Преспа. Според агенцијата, евидентирани се мала црна патка со 56 единки, голема црната чапја (корморан) со 33 единки и големата бела чапја (корморан) со 13 единки. […]