Денеска температура до 15 степени, во недела со снег!
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]
ЦУК: Возачите да се подготват за тргнување на пат во недела
Центарот за управување со кризи информира и за прогнозата на УХМР за наредните денови, според која претстои студен бран со врнежи од снег. – Согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата ако се планираат патувањата, пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, дадени од надлежните […]
Атина домаќин на Европските филмски награди во 2027 година
За две години, на средината на јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди, кои, според општината, првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа, „факт што претставува значајно признание за Атина и за позицијата на градот како единствена дестинација за меѓународни филмски продукции“, јави дописничката на МИА од Атина. […]
Бишев: Нареднава година се очекува да биде година на тешки одлуки
„Нареднава година се очекува да биде година на тешки одлуки − на политички план, првенствено војната во Украина, дали ќе се воспостави траен мир, што ќе донесат изборите во Германија, а најверојатно и во Франција, ќе се оствари ли траен мир на Блискиот Исток.На економски план, клучното прашање ќе биде дали САД ќе отвори трговска […]
Стојков: Ако продолжиме да дејствуваме исто како и во 2024 година, што би ја направило 2025 година поинаква?
“И покрај економската стагнација во еврозоната, особено во Германија, моите очекувања за македонската економија се умерено позитивни. Проекциите за економски раст од околу 3,5 % и инфлација од 3 % најавуваат стабилна, но невпечатлива година. Во пресрет на локалните избори наесен ќе бидеме сведоци на засилена градежна активност во многу општини. Втората половина на 2025 […]
Кустурица: Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5 %
„Во 2025 година, според сите анализи во земјата, очекувам стабилен економски раст од 3,5%, поддржан од зголемени инвестиции и раст на извозот. И покрај моменталните шокови на европскиот пазар, може да зборуваме со умерен оптимизам и очекувања за постепено економско закрепнување на Европската унија и зголемената побарувачка од нашите трговски партнери. Инфлацијата треба да се […]
ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ВОДИЦИ
По повод престојниот верски празник Богојавление – Водици денеска во Охрид беше одржан првиот координативен состанок, на кој беа разгледани деталите околу чествувањето на празникот, што секоја година во градот привлекува голем број верници и посетители. Согласно традицијата, Богојавленските празнувања и оваа година се поделени на два дела и тоа верски односно црковни чествувања, што […]
Тошковски: Полицајците да ги опоменуваат граѓаните поради старите лични карти
Старите лични карти нема потреба да се менуваат доколку има рок на важење. Со тие може да се премине и државната граница, изјави Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од полицискиот одделение во Групчин, каде се отвори нова канцеларија за управните служби. Тој порача дека голем број лични документи се сменети со новото уставно […]
Штип ќе понуди сто парцели за куќи во близина на Три Чешми
Продадени се десет плацеви за изградба на куќи веднаш до населбата Три Чешми во Штип. Интересот од страна на граѓаните е задоволителен, изјави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека поради интересот на граѓаните да инвестираат во изградба на куќи во наредниот период согласно Деталниот урбанистички план (ДУП) ќе биде распишен нов […]
Бесплатен автобуски превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“
Општина Битола во соработка со јавните претпријатија „Стрежево“, „ЕСМ Молика“ и меѓуопштинското претпријатие за превоз „Пелалинк“ како и компанијата за превоз „МИГ Травел“, денеска ја реализира првата тура со бесплатен превоз до скијачките центри „Нижеполе“ и „Копанки“. Посета на скијачкиот центар „Копанки“ оствари градоначалникот Тони Коњановски каде беше информиран дека првиот ден го искористиле стотина […]