Растко и Милица – имиња на маскотите за ЕКСПО 2027 во Белград

Растко и Милица денеска беа официјално избрани за имиња на маскотите на специјализираната изложба EКСПО 2027 во Белград. Директорот на компанијата EКСПО 2027, Данило Јериниќ, изјави дека во гласањето учествувале повеќе од 100.000 луѓе. Toj додаде дека маскотите носат народна носија и тастер „плеј“ што претставува спој на традицијата и иднината. Гласањето за имињата на […]

МВР: Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест

Денеска (28.01.2026) со почеток во 17:00 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево […]

Андоновски: Промовираме целосно редизајниран и технички унапреден Портал за отворени податоци

Македонија со Нацрт-законот за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор се усогласува со директивата на Европската Унија и европските политики во оваа област. Покрај податоците што институциите ги создаваат во рамки на своите надлежности, се опфаќаат и податоците и научните информации од истражувањата финансирани од Буџетот. Тоа е важен исчекор – […]

Истражување: Благ пораст на евроскептицизмот, но над 70 проценти од граѓаните поддржуваат членство во ЕУ

Вкупно 71 отсто од населението поддржува членство во ЕУ, што е за речиси десет проценти повеќе во споредба со претходната година, покажуваат резултатите од истражувањето „Анализа на јавното мислење за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (2014 – 2025)“ на Институтот за демократија – Социетас цивилис Скопје, презентирано денеска во Собранието. Клучните наоди од […]

Каде во Европа е најлесно, а каде најтешко да се најде работа?

Европа останува еден од најатрактивните пазари за инвестиции и вработување. Само во Европската Унија, странските инвеститори држат речиси 10.000 милијарди евра директни инвестиции. Според новото истражување на глобален центар за истражување на бизнисот, Данска е најатрактивната европска земја за вработување во 2026 година. Таа има корист од силен екосистем на вештини, висока продуктивност и умерени […]

ГЕРМАНСКИТЕ АВТОМОБИЛИ СТАНУВААТ ПОДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЧИТЕ ВО ИНДИЈА

Германските автомобили се статусен симбол за 1,45 милијарди Индијци. Затоа германските производители едвај чекаа трговски договор со Индија и драстично пониски царини. Во изминатите години, Индија постигна импресивен економски раст од просечно шест до седум проценти годишно, пишува Дојче Веле (DW). Во Индија има сè побројна средна класа и млада популација која станува сè побогата. […]

Шведска размислува за промена на валутата

Откако се приклучи на НАТО пред речиси две години, покрај снегот, Шведска ја поминува и оваа зима размислувајќи за воведувањето на еврото. Сепак, патот до промена на валутата е долг, а владејачката коалиција за почеток најавува анализа на предностите и недостатоците од таков потег. По Бугарија, која го воведе еврото на 1 јануари оваа година, […]

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ТРАНСАКЦИИ ВО ГОТОВО ВО ЕУ, за повисок износ трговците ќе треба да го потврдат идентитетот на лицата

Од 2027 година, во Европската Унија ќе стапат во сила нови правила кои ја ограничуваат употребата на готовина во деловните трансакции. Плаќањето во готовина ќе биде дозволено до максимум 10.000 евра. Дополнително, при плаќање во готовина од 3.000 евра, трговците ќе имаат обврска да го проверат и потврдат идентитетот на клиентот. Новите правила произлегуваат од […]

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, синоќа изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално почнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура. Проектот, како што соопшти Град […]

Алкалоид ја отвори лидерската академија – General Management Academy

Од компанијата информираат дека официјално беше отворена Алкалоидовата лидерска академија – General Management Academy, стратешка развојна програма насочена кон унапредување на менаџерските и на лидерските капацитети на дел од вработените во Алкалоид.Академијата се реализира во соработка со Centre of Business Excellence при School of Economics and Business – University of Ljubljana, реномиран меѓународен академски центар […]