ГЕРМАНСКИТЕ АВТОМОБИЛИ СТАНУВААТ ПОДОСТАПНИ ЗА КУПУВАЧИТЕ ВО ИНДИЈА

Германските автомобили се статусен симбол за 1,45 милијарди Индијци. Затоа германските производители едвај чекаа трговски договор со Индија и драстично пониски царини. Во изминатите години, Индија постигна импресивен економски раст од просечно шест до седум проценти годишно, пишува Дојче Веле (DW). Во Индија има сè побројна средна класа и млада популација која станува сè побогата. […]

Шведска размислува за промена на валутата

Откако се приклучи на НАТО пред речиси две години, покрај снегот, Шведска ја поминува и оваа зима размислувајќи за воведувањето на еврото. Сепак, патот до промена на валутата е долг, а владејачката коалиција за почеток најавува анализа на предностите и недостатоците од таков потег. По Бугарија, која го воведе еврото на 1 јануари оваа година, […]

ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ТРАНСАКЦИИ ВО ГОТОВО ВО ЕУ, за повисок износ трговците ќе треба да го потврдат идентитетот на лицата

Од 2027 година, во Европската Унија ќе стапат во сила нови правила кои ја ограничуваат употребата на готовина во деловните трансакции. Плаќањето во готовина ќе биде дозволено до максимум 10.000 евра. Дополнително, при плаќање во готовина од 3.000 евра, трговците ќе имаат обврска да го проверат и потврдат идентитетот на клиентот. Новите правила произлегуваат од […]

Скопје почнува реконструкција на спортските терени на кејот на Вардар

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, синоќа изврши обиколка на кејот на реката Вардар, каде што официјално почнува реконструкцијата на спортските терени. Скопје, како што објави на социјалните мрежи Ѓорѓиевски, добива уште еден значаен проект за унапредување на јавниот простор и спортската инфраструктура. Проектот, како што соопшти Град […]

Алкалоид ја отвори лидерската академија – General Management Academy

Од компанијата информираат дека официјално беше отворена Алкалоидовата лидерска академија – General Management Academy, стратешка развојна програма насочена кон унапредување на менаџерските и на лидерските капацитети на дел од вработените во Алкалоид.Академијата се реализира во соработка со Centre of Business Excellence при School of Economics and Business – University of Ljubljana, реномиран меѓународен академски центар […]

ВОЗРАСНИТЕ ЛИЦА ПРАВАТ ПОГОЛЕМ ПРОМЕТ НА ПАЗАРОТ НА ИГРАЧКИ

Возрасните лица сакаат повеќе креативни активности и играчки со вештачка интелигенција. Ова е најновиот тренд на најголемиот светски саем за играчки во Нирнберг оваа година. До 31 јануари, околу 2.300 изложувачи од речиси 70 земји ќе презентираат новини во индустријата за играчки пред потенцијалните потрошувачи, пишува ДПА. Во САД и на петте најголеми европски пазари, […]

Андоновски: До крајот на годината околу 30 нови електронски услуги, плус 30 преку ЕУ

Дваесет до триесет нови електронски услуги очекува министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски до крајот на годината. Говорејќи за зголемувањето на бројот на електронски услуги, како и за дигитализацијата генерално во интервју за ТВ Алфа Андоновски вечерва истакна дека постои можност и за надминување на оваа бројка и напомена дека дел од тие услуги ќе […]

ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА 6,2 МИЛИОНИ ЛИЦА ЖИВЕАТ ВО „ДЛАБОКА СИРОМАШТИЈА“

Околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“, највисока во последните три децении. „Длабока сиромаштија“ се однесува на домаќинство каде што живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат помалку од 16.400 фунти (18.880 евра) годишно, што е 40 проценти од медијалната годишна плата во Велика Британија. Анкетата ја спроведе […]

Мицкоски: Минималната плата законски ќе се зголеми во март

Секој има право да протестира – рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар во врска со протестот што утре попладне ќе го организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра. Тој посочи дека минималната плата законски се зголемува во март. – Во согласност со законот, минималната плата ќе […]

Втор ден од блокадата на товарниот сообраќај на граничните премини

Блокадата со камиони на товарниот сообраќај на граничните премини во државава продолжува и денеска, како дел од заедничкиот протест на македонските и превозниците од Западен Балкан кои бараат решение за проблемите поради електронската евиденција за престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена од април годинава. Наспроти блокираниот товарен сообраќај на премините кон шенген […]