ЦЕНАТА НА ЗЛАТНИОТ НАКИТ СЕ МЕНУВА НА ДНЕВНА ОСНОВА, посочуваат златарите во Белград

Вредноста на златото се зголеми за повеќе од 3% и за прв пат ја надмина границата од 5.500 долари за унца. Цените на златото на берзата скокнаа на нов рекорд во четвртокот откако Федералните резерви на САД ја задржаа референтната каматна стапка стабилна во опсег од 3,5% до 3,75%. Поради континуираното зголемување на цената на […]

Царина со акција во Струга: запленети тутунски производи од малопродажен објект – избегната акциза од 509 илјади денари

Поголема количина тутунски производи без акцизни марки, со вредност од над 1,8 милиони денари, е запленета во акција спроведена од мобилни царински тимови и царински службеници од царинарница Битола, при контрола на малопродажен објект во Струга. При контролата пронајдени се 1.027 кутии цигари, 1.387 електронски цигари (вејпови), 530 парчиња цигарилоси, 503 пакувања тутун за наргиле, […]

Како да го промените снабдувачот на електрична енергија за Вашата компанија и да заштедите до 40 % на сметката?

Во услови на зголемени оперативни трошоци и неизвесност на енергетските пазари, сè повеќе компании бараат начини како да ја оптимизираат потрошувачката на електрична енергија – без да го нарушат секојдневното работење. Една од опциите што добива сè поголемо внимание е промената на снабдувачот со електрична енергија – чекор што може да донесе значителни заштеди без […]

Николоски: Одлични вести од Брисел, возачите се прифатени како професионалци

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека Брисел ќе донесе нова Стратегија за визи која ќе значи решавање на проблемот на превозниците коишто веќе четири дена ги блокираат граничните премини кон шенген зоната. – Само што добив одлични вести од Брисел во врска со огромниот проблем на превозниците од Македонија! Нашите ставови се […]

Јосифовски купи нови акции во Макпетрол – поседува 3,4% од компанијата

Во соопштение доставено до македонската берза од компанијата информираат дека претседателот на Управниот одбор, г. Андреја Јосифовски купи нови 104 акции, со што сега поседува 3,4 % од акциите на компанијата. Транскациите се случиле во два наврата и тоа 57 обични акции купил на 27.01.2026 година, а 47 обични акции на 28.01.2026 година.

ШТО СОДРЖИ НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ВИЗИ НА ЕУ? Со новата стратегија за визи се предлага поголема флексибилност за престој, изјави Хена Виркунен

Загриженоста што ја иницираа транспортните оператори од Западен Балкан е значајна и свесни сме за тешкотиите со кои се соочуваат превозниците, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на […]

ВИСОК РАСТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНК ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Вредноста на швајцарскиот франк годинава се зголеми за 3,5% во однос на американскиот долар, а растот е поттикнат од непредвидливата трговска политика на САД, прашањата за независноста на Федералните резерви и заканата од воена интервенција на САД во Гренланд, Латинска Америка и Блискиот Исток. Ова е највисока вредност на швајцарската валута која зајакна за 12,7% […]

Работилница на Народната банка во Стопанската комора: Практични аспекти и предизвици за компаниите при вршењето плаќања преку СЕПА

Во соработка со Стопанската комора на Република Северна Македонија, Народната банка организира работилница за деловната заедница. Целта беше компаниите да се запознаат одблизу со новите услови и начинот на извршување на прекуграничните плаќања во евра, како и со конкретните придобивки од членството на земјата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Ова е прва […]

Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка за иницијативата за изградба на гробишта за миленици

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС ѝ даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за решавање на проблемот и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините. Како што било договорено на работните состаноци одржани во АХВ, претстои дефинирање локации во општините за изградба на гробиштата и планирање […]

Томовски: Успеавме да го легализираме имотот на државата

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1, Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака, изјави вечерва Ивица Томовски, директор на Службата […]