ТТК БАНКА лани забележа позитивен финансиски резултат во износ од 90 милиони денари

Во периодот од 1 јануари до 31 декември 2025 година, ТТК Банка АД Скопје ја реализираше својата стратегија, работејќи во согласност со клучните цели и задачи утврдени во Деловната политика и во Финансискиот план за 2025 година. Во текот на 2025 година, ТТК Банка АД Скопје успешно ги усогласи своите стратешки цели со променливите макроекономски […]

Стопанска банка АД – Скопје со нов генерален директор за управување со ризици

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека согласно одлуката за именување од страна на Надзорниот одбор бр. 114/2025 од 31.10.2025 година и добиената согласност односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-2308/1 од 26.01.2026 година, г-ѓа Емилија Стојанова Ивановска се именува за Генерален директор за управување со […]

ЕК ќе промовира нови стратегии за визи

Европската комисија денеска ќе усвои две нови стратегии, едната за визите, а втората за миграцијата и азилот. Портпаролот на Еврокомисијата за внатрешни работи, Маркус Ламерт во понеделникот во врска со протестите и блокадите на границите од страна на балканските превозници, изјави дека Комисијата е свесна за нивните проблеми и работи на нивно надминување во рамки […]

МВР апелира граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи потсетува дека граѓаните треба да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед. – На посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот, […]

Мицкоски: Нема да има уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова, да донесеме резолуција со државнички став

Премиерот Христијан Мицкоски денеска уште еднаш порача дека нема да има уставни измени сè додека не бидат, како што рече, исполнети најмалку два услова – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека тоа ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови […]

Славески: Потребен е одговорен пристап кон растот на платите, просечната плата лани порасна номинално за 9,2 проценти

Просечната плата во земјава во 2024 година пораснала номинално за 9,2 проценти, а реално за 5,1, додека очекувањата се инфлацијата во текот на годинава да не надмине 3 проценти, посочува гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во објавен статус на социјалната мрежа Х. Во осврт на протестот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за […]

ШТО СОДРЖИ НОВАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ВИЗИ НА ЕУ? Со новата стратегија за визи се предлага поголема флексибилност за престој, изјави Хена Виркунен

Загриженоста што ја иницираа транспортните оператори од Западен Балкан е значајна и свесни сме за тешкотиите со кои се соочуваат превозниците, изјави извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен, при презентацијата на стратегијата за визи на ЕУ и на европската стратегија за управување со азил и миграција, усвоени на […]

ВИСОК РАСТ НА ШВАЈЦАРСКИОТ ФРАНК ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Вредноста на швајцарскиот франк годинава се зголеми за 3,5% во однос на американскиот долар, а растот е поттикнат од непредвидливата трговска политика на САД, прашањата за независноста на Федералните резерви и заканата од воена интервенција на САД во Гренланд, Латинска Америка и Блискиот Исток. Ова е највисока вредност на швајцарската валута која зајакна за 12,7% […]

Град Скопје и ЗЕЛС со поддршка за иницијативата за изградба на гробишта за миленици

Министерството за локална самоуправа, Град Скопје и ЗЕЛС ѝ даваат целосна поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за решавање на проблемот и потребата од изградба на гробишта за домашни миленици во општините. Како што било договорено на работните состаноци одржани во АХВ, претстои дефинирање локации во општините за изградба на гробиштата и планирање […]

Томовски: Успеавме да го легализираме имотот на државата

Затекнавме имот којшто немаше никаков имотен лист, односно беше дивоградба. Успеавме да го легализираме имотот на државата. Вилите Водно 1, Водно 2, претседателската и премиерската вила, веќе имаат имотен лист, и се во сопственост на државата со трајно користење на СОЗР, за да можеме да ги сервисираме понатака, изјави вечерва Ивица Томовски, директор на Службата […]