Северна Македонија првата земја што ќе го добие предфинансирањето според Планот за раст

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. Во тек е предфинансирањето во износ од 52,2 милиони евра и е наменето за поддршка на спроведувањето на Реформската агенда и обврските што Северна Македонија ги презеде […]

КУМБАРОСКА ВАНБЕСИН ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ПРАВНАТА ДРЖАВА ЈА НАМАЛУВА НЕСИГУРНОСТА НА МЛАДИТЕ ЗА ОСТАНУВАЊЕ ВО ДРЖАВАТА“

Во последната епизода на поткастот „Бизнис-клуб“, во разговорот на претседателот на Стопанската комора Бранко Азески со м-р Марија Кумбароска Ванбесин, доверлив советник за стратешки вработувања на високи позиции во одбори и во извршното раководство на консултантското претпријатие „Корн Фери“ во Брисел, се третираат теми за темелните принципи на функционирањето на државата, за образованието и за […]

Во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло. -Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој […]

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 отсто во […]

Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави јавен оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за лица кои спаѓаат во категоријата ранливи потрошувачи на енергија со цел да се обезбеди директна поддршка за граѓаните на кои им е најпотребна. Со огласот се предвидува Министерството да им доделува финансиска поддршка […]

Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување

Во Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани уште од 2012 година не е пополнето работното место за инспектор за заштита од пожари, откако претходниот заминал во пензија во март истата година. Според официјално достапните податоци од Дирекцијата, испразнети се половина од предвидените работни места за инспектори во државата, односно во […]

„Секој збор заслужува да биде прочитан!“ – донирани книги на Брајово писмо во библиотеките и институциите што работат со лица со оштетен вид

Во рамки на проектот „Создадено во Европа: Moќта на различноста“, а со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“, „Антолог“ донираше изданија на Брајово писмо од книгите „Невидлив“ од Елој Морено (во превод на Виолета Јагев) и „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола […]

Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици

Парижани вчера на референдум одлучија уште 500 улици во нивниот град да станат пешачки. Околу 65,96 отсто од жителите на француската престолнина го поддржаа предлогот, а 34,04 отсто беа против, покажуваат официјалните резултати од гласањето. На референдумот излегле само 4,06 отсто од гласачите. Тоа е трет референдум од ваков вид во Париз во последните години, […]

Модерните уреди како мотивација за активен и здрав живот

Во современиот свет, технологијата игра клучна улога во обликувањето на нашиот начин на живот. Екосистемот Samsung Galaxy не само што овозможува поефикасно извршување на секојдневните задачи, туку може да биде и важен мотив за физичка активност и континуирана грижа за физичкото и менатлно здравје. Со паметните уреди како Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy […]

Samsung ја претстави новата линија фрижидери опремени со екрани и подобрена функција AI Vision Inside

Компанијата ја проширува визијата „Екрани насекаде“ Фрижидери со иновативна AI Hybrid Cooling технологија се лансираат глобално Samsung Electronics го најави глобалното лансирање на својата најнова линија на паметни фрижидери, зацврстувајќи ја визијата „Екрани насекаде“ претставена на CES 2025. Ова проширување вклучува воведување на 21,5-инчен Family Hub екран[1] кај Side by Side фрижидерите. „Со понуда на […]