Ардиан го презема Акуо, главен играч во обновливите извори на енергија
Ардиан, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на Акуо, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија. Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата Акуо стана главен играч во производството на обновлива […]
Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата
Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. – Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за […]
Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање на лиценцата за работа
Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши. Министерството, како што рече на прес-конференција во […]
Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство
Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за […]
Владата усвои информација за пораст на минималната плата од 1.812 денари
Владата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ, соопшти владината прес-служба. Оттаму потенцираат дека Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните […]
НЛБ Банка овозможува онлајн ажуирирање на личните податоци
Целосно дигитален процес во секое време и од кое било место
НЛБ Банка овозможува онлајн ажурирање на сите лични податоципреку веб страницата на Банката. Оваа функционалност целосно ја елиминира потребата од посета на експозитура, обезбедувајќи брз и едноставен процес и максимална заштита на личните и банкарските податоци на клиентот. Постапката за онлајн ажурирање на личните податоци е овозможена со електронска идентификација на клиентот преку мобилната апликација […]
Предупредување за фишинг измама од веб страницата – fzom.net
Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) ги предупредува граѓаните за сериозна фишинг измама која се одвива преку лажна веб-страница со адреса fzom.net. Оваа веб-страница се претставува како официјална страница на ФЗОМ (fzo.org.mk) и има за цел да украде лични и финансиски податоци на граѓаните. Измамниците преку fzom.net се обидуваат да ги измамат граѓаните да […]
Саем на мебел 2025: Кога домот е повеќе од простор – заедно градиме поддршка и надеж
Годинашниот Саем на мебел, покрај инспирацијата за домот, носи и порака на солидарност – дел од приходите од влезниците ќе бидат донирани во фондот за солидарност на Црвен крст за настраданите од пожарот во Кочани. Во моменти кога зборовите тешко ги доловуваат чувствата, нашите дела зборуваат најгласно. Токму затоа, годинашниот Саем на мебел, што ќе […]
АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови – Дебар
Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента се до расчистување на одронот. Во пладневниот извештај, АМСМ информира дека сообраќајот […]
Американска aмбасада: Правилно користете ја визата за престој во САД, не постои нешто како „ненамерна грешка“
Американската амбасада во земјава на својата Фејсбук страница објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење. Оттаму наведуваат дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД. – Ако престојувате подолго отколку што е […]