Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Нов Зеланд

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес. Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области бидејќи […]

ХРВАТСКА И ПОЛСКА СО НАЈВИСОК РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕУ

Во последната година, Хрватска забележа најголем раст на платите меѓу земјите од Европската Унија. Платите во Хрватска се зголемени за 13,9 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во споредба со истиот период од 2023 година. Полска е веднаш зад Хрватска со пораст на платите од 13,8 отсто, додека Романија е на трето место со […]

Најмногу врнежи во Маврово, најстудено на Попова Шапка

Утрово е најстудено на Попова Шапка, 4 степени, а максимални 13 се измерени во Штип и Демир Капија. Шест степени е во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор и Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, како и […]

Од болниците во Скопје денеска ќе се испишат 12 пациенти

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани. Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото […]

Царинска управа: Вратени 69 камиони поради несоодветен сертификат за возач

Царинската управа за една недела извршила 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Како што соопшти денеска Царинската управа, во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за […]

Ардиан го презема Акуо, главен играч во обновливите извори на енергија

Ардиан, една од водечките светски компании со приватен капитал, објави дека е постигнат договор за преземање на Акуо, водечката компанија во производството на енергија специјализирана за обновливите извори на енергија. Основана во 2007 година и поддржана од ICG (Глобален алтернативен менаџер на капитал) од 2022 година, компанијата Акуо стана главен играч во производството на обновлива […]

Мицкоски: Од април 2 200 денари повисока минимална плата

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање. – Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за […]

Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање на лиценцата за работа

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши. Министерството, како што рече на прес-конференција во […]

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство

Во јануари годинава во земјава вкупно се потрошени 775.397 мегават часови електрична енергија, 43,679 милиони нормални кубни метри природен гас, 334.316 тони јаглен и 82.785 тони нафтени продукти. Според податоците на Државниот завод за статистика, 69,7 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 98,8 отсто од вкупно потрошениот јаглен е употребен за […]

Владата усвои информација за пораст на минималната плата од 1.812 денари

Владата денеска на седница усвои информација за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2.685 денари во бруто износ, односно 1.812 денари во нето износ, соопшти владината прес-служба. Оттаму потенцираат дека Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните […]