МФ: Потврден кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед од „Фич”
Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поддржани преку долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управуање во споредба со други земји со слични економски перформанси, како и посветеноста на реформи во рамки на процесот на пристапување во ЕУ. Ова го констатира кредитната агенција „Фич” во последниот извештај со кој земјата го задржа […]
БОНУСИТЕ НА БАНКАРИТЕ ВО САД СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 30 ОТСТО
Бонусите на банкарите од Волстрит ќе пораснат за повеќе од 30 отсто во 2024 година. Сепак, овој тренд може да забави поради економската несигурност, предупредуваат финансиските експерти во САД. Финансиската индустрија имаше рекордна година, при што вредноста на фондот за бонуси за вработените во секторот за хартии од вредност во Њујорк достигна 47,5 милијарди долари, […]
„Алкалоид“ донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани
Со изрази на висока почит кон покажаната хуманост на македонските државјани од земјава и од странство, како и кон сите пријателски и добронамерни гестови од поединци и организации во земјава и ширум светот, „Алкалоид“ се приклучува кон масовната акција за помош на настраданите во трагичниот пожар во Кочани. Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на […]
Избрани лого и постер за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“
Идејните решенија за лого и постер од Катерина Пренда се избрани за заштитни знаци на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Ова го соопштија од Одборот за реализација на проектот и како што неведуваат оттаму станува збор за модерни и хармонични визуелни композиции што ја одразуваат богатата историја, културното наследство и визијата на […]
Попов: Децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот доведоа до девастирана држава со нефункционални институции
Редовното годишно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) почна со минута молк во слава на жртвите во трагедијата во Кочани, а претседателот на МАНУ Живко Попов изрази сочувство во свое и во име на членовите на Академијата до семејствата на починатите. – Во овие моменти на длабока тага, сепак, има и нешто […]
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
Министерот за здравство Арбен Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата, по трагичниот настан во Кочани, да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација. Тој повтори дека има држави кои се подготвени, доколку имаме потешки случаи за рехабилитација, да ги примат овие пациенти. – Процесот на рехабилитација на пациентите кои се […]
Зголемен бројот на доктори на науки во Македонија
Звање доктор на науки во 2024 година стекнале 215 лица, што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, најголем број од лицата, 22,4 проценти, докторирале во областите здравство и социјална заштита. – Потоа, 16,7 отсто – уметност и хуманистички науки, […]
Силен земјотрес од 6,7 степени го погоди Нов Зеланд
Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот остров на Нов Зеланд, соопштија локалните власти. Според соопштението, земјотресот бил на длабочина од 33 километри, на околу 160 километри северозападно од островот Снарес. Жителите на регионите Саутленд и Фиордленд се предупредени да бидат подалеку од плажите и морските области бидејќи […]
ХРВАТСКА И ПОЛСКА СО НАЈВИСОК РАСТ НА ПЛАТИТЕ ВО ЕУ
Во последната година, Хрватска забележа најголем раст на платите меѓу земјите од Европската Унија. Платите во Хрватска се зголемени за 13,9 отсто во четвртиот квартал од 2024 година во споредба со истиот период од 2023 година. Полска е веднаш зад Хрватска со пораст на платите од 13,8 отсто, додека Романија е на трето место со […]
Најмногу врнежи во Маврово, најстудено на Попова Шапка
Утрово е најстудено на Попова Шапка, 4 степени, а максимални 13 се измерени во Штип и Демир Капија. Шест степени е во Крушево, 7 во Маврови Анови, 8 во Охрид, Претор и Прилеп, 9 во Тетово и Берово, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Крива Паланка, Кавадарци и Струмица, 11 во Скопје-Петровец и Виница, како и […]