„Секој збор заслужува да биде прочитан!“ – донирани книги на Брајово писмо во библиотеките и институциите што работат со лица со оштетен вид
Во рамки на проектот „Создадено во Европа: Moќта на различноста“, а со поддршка на програмата Циркулација на европски книжевни дела во склоп на Креативна Европа на Европската Унија – Потпрограма „Култура“, „Антолог“ донираше изданија на Брајово писмо од книгите „Невидлив“ од Елој Морено (во превод на Виолета Јагев) и „Чекорите до црешовото дрво“ од Паола […]
Парижани на референдум одлучија да добијат 500 нови пешачки улици
Парижани вчера на референдум одлучија уште 500 улици во нивниот град да станат пешачки. Околу 65,96 отсто од жителите на француската престолнина го поддржаа предлогот, а 34,04 отсто беа против, покажуваат официјалните резултати од гласањето. На референдумот излегле само 4,06 отсто од гласачите. Тоа е трет референдум од ваков вид во Париз во последните години, […]
Модерните уреди како мотивација за активен и здрав живот
Во современиот свет, технологијата игра клучна улога во обликувањето на нашиот начин на живот. Екосистемот Samsung Galaxy не само што овозможува поефикасно извршување на секојдневните задачи, туку може да биде и важен мотив за физичка активност и континуирана грижа за физичкото и менатлно здравје. Со паметните уреди како Galaxy Z Flip6, Galaxy Z Fold6, Galaxy […]
Samsung ја претстави новата линија фрижидери опремени со екрани и подобрена функција AI Vision Inside
Компанијата ја проширува визијата „Екрани насекаде“ Фрижидери со иновативна AI Hybrid Cooling технологија се лансираат глобално Samsung Electronics го најави глобалното лансирање на својата најнова линија на паметни фрижидери, зацврстувајќи ја визијата „Екрани насекаде“ претставена на CES 2025. Ова проширување вклучува воведување на 21,5-инчен Family Hub екран[1] кај Side by Side фрижидерите. „Со понуда на […]
Во последните 102 години Словенија со најмал број новороденчиња
Бројот на новороденчиња во Словенија во 2023 година се намали под 17.000, што е најниска бројка во последните 102 години откако е следен наталитетот во земјата, соопшти Заводот за статистика на Словенија. Од вкупно 16.989 новороденчиња, 8.677 биле машки, а 8.312 девојчиња, јавува словенечката новинска агенција. На 1.000 жители се раѓале осум деца, што е […]
Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се […]
Подготвен протокол за прием на првите пациенти кои се лекуваат во странство
Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат пречекани првите пет пациенти кои што се лекуваат надвор од државата, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот на Кризниот штаб за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што соопшти Таравари, петте пациенти се очекува да пристигнат во среда или четврток, […]
Колкава е побарувачката за производите „Made in Germany“?
Германија доминира во светскиот извоз во 180 категории стоки, покажува студијата на Институтот за германска економија во Келн. Сепак, Германија не може да им парира на САД. Според студијата на Институтот за германска економија во Келн (IW), од вкупно 5.300 анализирани категории на производи, Германија држи најмалку 30 отсто од светскиот извоз во 180 категории. […]
Тројца македонски преведувачи меѓу добитниците на европски награди за драмски превод за 2025 година
Македонските преведувачи Катерина Маркоска, Филип Димевски и Ермис Лафазановски се добитници на наградите за најдобар драмски превод на европско ниво за 2025 година што традиционално, на 21 март, ги соопштува Еуродрам – Европската мрежа за драма и превод. Македонскиот комитет на Еуродрам разгледа вкупно дваесет предложени драмски преводи на македонски јазик од кои како најдобри […]
Убавиот збор: ЗА СПОКОЈОТ
Ако ме праша некој што би сакала да имам во животот, би одговорила − спокој. А како би требало да изгледа тој спокој? Можеби како ликот на заспано животно – куче, маче. Кога спијат изгледаат толку мирно, а сепак никогаш не се сосема заспани. Секогаш се на штрек, секогаш подготвени да скокнат било за бегство […]