НОВ БРОЈ | Економија и бизнис | 01 септември 2025г
Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, и бесплатна достава, кликнете ТУКА.
Даночни обврзници во Грција нелегално добиле 22,67 милиони евра од европските земјоделски субвенции
Вкупно 1.036 даночни броеви во Грција добиле нелегални субвенции во вкупен износ од 22,67 милиони евра, соопшти министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис, презентирајќи ги резултатите од полициската истрага за скандалот со Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина. Министерот […]
Студиите ја потврдуваат изводливоста на новиот нуклеарен блок во Кршко
Студиите на двата потенцијални добавувачи на можната нова нуклеарна централа во Кршко (НЕК 2) ја потврдија изводливоста на проектот со нивните стандардни реактори со прилагодувања на избраната локација веднаш до постојнaта нуклеарка. Проектот е изводлив и од техничка гледна точка и во рамките на проценетите трошоци. Студиите за техничка изводливост нарачани од инвеститорот во НЕК […]
Германските плати со повисок раст од инфлацијата
Платите во Германија во вториот квартал се зголемија за 4,1 процент, со раст значително повисок од инфлацијата, објави Дестатис. Инфлацијата во истиот период изнесуваше 2,1 процент, што значи дека платите се зголемија за реални 1,9 проценти, пишува ДПА. Од април до јуни годинава, номиналните плати пораснаа над просекот во финансиските и осигурителните услуги, за 7,6 […]
Последни денови за летната промоција на ЕДС – заштедете на сметките за струја!
Летната понуда за снабдување со електрична енергија која што ја подготви ЕДС, а која вклучува значителни бенефити за компаниите и намалување на сметките за снабдување со струја и до 30 отсто, завршува за само неколку дена. До 5 септември имате можност да ја искористите специјалната промотивна понуда при што може да изберете меѓу два тарифни […]
ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ГО ПОМИНА ПСИХОЛОШКИОТ ПРАГ
Вредноста на златото во понеделник го премина психолошкиот праг од 3.500 долари за унца, достигнувајќи историски максимум. Ова се должи на очекувањата за намалување на каматните стапки во САД и растечките загрижености за геополитичките и економските ризици. На азиските пазари, цената на златото за итна испорака накратко се зголеми за 0,9 проценти на 3.508,73 долари […]
Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 55. сесија на Клубот на истражувачите
На 25 септември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите. Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 15 септември […]
Промотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
Вашите трошоци под контрола, со помала камата и поголема сигурност! НЛБ Банка ја намалува каматата – вие ги намалувате трошоците! Од почетокот на месец септември до 31 октомври 2025 година, сите корисници на НЛБ Visa кредитните картички – Visa Classic и Visa Gold – имаат можност да ги реализираат своите планови и секојдневни потреби со […]
Хрватска со втора највисока инфлација во еврозоната
Потрошувачките цени во Хрватска во август беа за 4,1 процент повисоки во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. Таа е на исто ниво како и во јули, со што беше прекинат тримесечниот тренд на забрзување на инфлацијата на годишна основа. Податоците на Евростат покажуваат дека инфлацијата во Хрватска во август […]
Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ
Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ. На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане […]