Ѓоковиќ и Алкараз си закажаа полуфинале на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ноќеска го победи Американецот Тејлор Фриц во четвртфиналето на турнирот на Отвореното првенство на САД со 6:3, 7:5, 3:6 и 6:4. Мечот траеше 3 часа и 27 минути. Триесет и осумгодишниот Србин сервираше 10 аса, направи осум двојни грешки и реализираше четири од девет брејк топки. Неговиот противник имаше 12 аса, […]

Се ангажираат лични асистенти во училиштата низ Центар – плата 15.000 денари

Општина Центар и оваа учебна година ангажира лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“. Избраните кандидати ќе работат по 20 часа неделно, со месечен надоместок од 15.000 денари, соопштија утрово од локалната самоуправа. – Право на пријавување на јавниот повик имаат лица со завршено средно образование, а […]

Промовирана прва Стратегија за соработка со СЗО, 2026 – 2030 година

Во Скопје попладнево беше промовирана првата Стратегија за соработка на Светската здравствена заштита (СЗО) со Република Северна Македонија, 2026 – 2030 година. Министерот за здравство Азир Алиу пред присутните рече дека станува збор за документ што претставува патоказ за иднината на здравствениот систем во нашата држава. – Сакам да упатам искрена благодарност до д-р Аким […]

Жените во 17 земји од ЕУ имаат подолг здрав живот од мажите, истражување на Евростат

Во 17-те земји од Европската Унија, жените живеат подолг здрав живот во споредба со мажите, иако мажите обично живеат подолго без ограничувања во активностите и движењето, според податоците од најновото истражување на Евростат. Бројот на здрави години живот е 63,3 години за жените и 62,8 години за мажите. Мажите во Малта, Италија и Шведска имаат […]

Викендов во Солун Меѓународен натпревар во брзо местење на Рубикова коцка

Над 70 учесници од шест земји меѓу кои и Македонија ќе учествуваат на првиот Меѓународен натпревар speedcubing, односно брзо местење на Рубикова коцка што следниов викендов ќе се одржи во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Домаќин и поддржувач на натпреварот е општина Солун, а зад целата идеја и реализација стојат тројца ученици од […]

Во Битола 651 првоодделенец – 100 помалку од лани

Годинава битолските училишта се попразни за 100 деца, потврдија од Општина Битола, институција која во соработка со партнерски организации, во градскиот парк за првоодделенците вчера приреди посебна манифестација на која се обрати градоначалникот Тони Коњановски. Основните општински училишта го одржаа првиот час за првоодделенците од Битола во чии клупи се 651 девојче и момче. -Драги […]

Секоја година затворени околу 700 училишта во цела Грција

Од 2018 година до денес, бројот на ученици во основните училишта во Грција е за над 110.000 помал, а секоја година остануваат затворени околу 700 училишта, бидејќи немаат ученици, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, весникот во анализата коментира дека затворените училишта се низ целата земја: во планински места, […]

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ПЕТ ОБИДИ ЗА ТЕЛЕФОНСКА ИЗМАМА НА ПОСТАРИ ЛИЦА ВО ВЕЛЕС

Во изминатиот период во СВР Велес добиени се пријави од граѓани, најчесто од повозрасни лица, дека се измамени на начин што непознати лица телефонски им се јавуваат претставувајќи се како службени лица и се обидуваат да им измамат поголеми суми на пари. Како што денеска информираа од СВР Велес, сторителите бараат финансиски средства за ослободување […]

Субвенционираниот студентски оброк да се усогласи со инфлацијата, бараат од Националното студентско тело

Согласно член 2, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 150/21, 251/22, 91/23, 30/24 и 74/25), износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува во согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година. Последен пат, висината на сумата […]

Забраната за движење во шуми продолжена до 30 септември

Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи […]