Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ. На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане […]

СЗО: Депресијата и анксиозноста ја чинат глобалната економија трилион долари годишно

Секоја стота смрт во светот е предизвикана од самоубиство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО) и изрази жалење за недостатокот на напредок во борбата против една од главните причини за смрт кај младите. „Само во 2021 година во самоубиства животот го загубија околу 727.000 лица“, изјави на прес конференција, Девора Кестел, раководителка на одделот за […]

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август

За 14,5 милиони евра е зголемена наплатата на приходи во август во споредба со истиот месец минатата година, што претставува рекорден раст на приходите од 8,9 проценти остварени на месечно ниво годинава, соопшти Царинската управа. Притоа, најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се […]

Хрисула Кутуди е нов генерален извршен директор и претседател на УО на Стопанска банка АД – Скопје

Стопанска банка АД – Скопје ја информира јавноста дека по добивање на сите потребни одобренија од Народната банка, Хрисула Кутуди е назначена за генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје. Кутуди е признат банкарски професионалец со над 30 години искуство, од кои најголемиот дел во рамки на НБГ […]

МАПАС: Од еден во друг задолжителен пензиски фонд преминале 15 765 члена

Собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади денеска даде поддршка за Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) во 2024 година и финансиски извештаи за 2024 година. Според извештајот, приходите на Агенцијата во 2024 година бележат пораст од околу 15 проценти во споредба со претходната година. Главните […]

МЕГА ИНТЕРВЈУ | Ѓорѓе Војновиќ: Ризиците носат потреба од динамична адаптација на осигурителниот пазар

Ѓорѓе Војновиќ е главен извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, осигурително друштво од областа на неживотното осигурување. Со него разговараме за состојбите и за разновидните аспекти на осигурителниот бизнис. За почеток, што покажуваат бизнис-резултатите на целата групација на која ѝ припаѓате, како и на осигурителното друштво што го управувате тука? Ѓ. Војновиќ: Групацијата Триглав, […]

ИНТЕРВЈУ | Герасим Ванчев: Jа интегрираме вештачката интелигенција (AI) во нашeтo продуктно портфолио

Семос е изграден и е препознаен бренд во ИТ-бизнисот не само во земјава туку и регионално. Со 40-годишно искуство тоа е и една од компаниите со најдолга традиција во овој бизнис. Кога ќе погледнете наназад низ времето, кои биле најголемите предизвици со кои се соочила и успешно ги надминала компанијата? ГВ: Семос претставува една од […]

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Училишното ѕвонче денеска ќе го означи почетокот на новата учебна 2025/2026 година за 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата се уште доставуваат бројки. Настава […]

Германија, од мај досега, спречила 12.000 нелегални преминувања на границата

Германскиот министер за внатрешни работи Александер Добринт изјави дека засилените гранични контроли ја ограничиле нелегалната миграција откако новата влада стапи на должност во мај. – Од 8 мај досега спречивме 12.000 нелегални преминувања, рече Добринт за јавната телевизија АРД, додавајќи дека меѓу нив има околу 660 лица кои барале азил. Германија на 8 мај ги […]

Баскерфест 2025 – „Побарај ја забавата“ и во септември во вториот дел од уметничкиот караван

По успешниот прв дел од фестивалот во август, кој ја опфати скопската општина Кисела Вода, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола, Охрид и Тетово, Баскерфест 2025 продолжува со своето 15. јубилејно издание низ Македонија. Од 1 до 6 септември, фестивалот ќе гостува на шест локации во три градови, односно од 1 до 4 септември, домаќини на баскерџиите […]