Грант од 1,5 милиони евра за зелената трансформација на АД ЕСМ
АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ кој обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата. Ова, наведува ЕСМ, е значаен чекор за зелена и пазарно ориентирана трансформација на компанијата. -Грантот од […]
НАМАЛЕНА ЦЕНАТА НА ГАСОТ И НА СТРУЈАТА ВО ЕВРОПА, КАДЕ Е НАЈВИСОКА?
Цената на гасот за домаќинствата во Европската Унија во првата половина од оваа година се намали за 8,1 процент во споредба со втората половина од 2024 година, објави Статистичкиот завод на Европската Унија. Ова укажува на враќање на сезонските движења на цените на гасот, карактеристични за периодот пред енергетската криза во 2022 година, соопшти Евростат. […]
Избрани 50 најдобри средношколски идеи – започна трката за милион денари
Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер […]
ФЕД ГИ НАМАЛИ КАМАТИТЕ, ТОА Е ПОСЛЕДНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ГОДИНАВА
Федералните резерви на САД (ФЕД) одлучија да ја намалат клучната каматна стапка за 25 базични поени (0,25 проценти), по втор пат оваа година, по првото намалување во средината на септември. Новата целна стапка за главната референтна стапка е меѓу 3,75 и 4,00 проценти. Федералниот комитет за отворен пазар (FOMC) гласаше десет наспроти два во корист […]
МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп со позитивен финансиски резултат во првите девет месеци од годинава
МАКЕДОНИЈА Осигурување ад Виена Иншуренс Груп во периодот од Јануари – Септември 2025 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 28,7 милиони денари. Во истиот период 2024 година финансискиот резултат изнесува 13 милиони денари. Во тековната 2025 во однос на истиот период 2024 година има намалување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци. Вкупните […]
Лагард: Намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната, ЕЦБ ги задржа тековните каматни стапки
Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа тековните каматни стапки, бидејќи инфлацијата во еврозоната се врати на околу проектираните два процента, а економијата изгледа отпорна, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа додаде дека се намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната со трговскиот договор помеѓу Европската Унија и САД, прекинот на огнот […]
Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025
Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. […]
Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. – Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на […]
Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони […]
Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир
По повод одбележувањето на 25-годишнината од историската Резолуција 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации за жените, мирот и безбедноста, Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија и Поштата на Северна Македонија ја промовираат пригодната поштенска марка и поштенски жиг посветени на женското лидерство во градењето мир и безбедност, информираат од Канцеларијата на UN […]