Лагард: Намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната, ЕЦБ ги задржа тековните каматни стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) ги задржа тековните каматни стапки, бидејќи инфлацијата во еврозоната се врати на околу проектираните два процента, а економијата изгледа отпорна, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. Таа додаде дека се намалени дел од ризиците од економски пад во еврозоната со трговскиот договор помеѓу Европската Унија и САД, прекинот на огнот […]

Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се спроведе нова изборна постапка за избор на градоначалници. Гласањето, согласно Изборниот Законик, нема да се одржи во недела, туку во рок од 60 дена од конечните резултати од Локалните избори 2025. […]

Сиљановска-Давкова на свечена вечера кај Макрон: Само со заемна почит и разбирање може да има напредок и побезбедна иднина за сите

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. – Вчеравечер присуствував на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум. Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на […]

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинките

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони […]

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир

По повод одбележувањето на 25-годишнината од историската Резолуција 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации за жените, мирот и безбедноста, Канцеларијата на UN Women во Северна Македонија и Поштата на Северна Македонија ја промовираат пригодната поштенска марка и поштенски жиг посветени на женското лидерство во градењето мир и безбедност, информираат од Канцеларијата на UN […]

ЕУ објави конкурс за доделување 40.000 бесплатни билети на 18-годишници за патување ниа Европа

По повод 40-годишнината од формирањето на Шенген зоната, Европската Унија преку програмата „Откриј ја ЕУ“ им нуди единствена можност на 40.000 млади луѓе да ја истражат Европа, соопшти денеска портпаролката на Европската комисија, Ана-Кајза Итконен. – ЕУ нуди 40.000 бесплатни билети за млади луѓе родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2007 година, а процесот […]

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

Лажни се сите пријави за поставени експлозивни направи во учичишта во Скопје и во Куманово, соопшти МВР по извршените проверки. – Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи […]

Без струја делови од Центар, Сопиште и Бутел

Без струја денеска во периодот од 07:30 до 15:00 часот, ќе останат корисниците на блокот на згради од бул. „Партизански одреди бр.17 кон ул.„Максим Горки“ во општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје. Од 07:45 до 15:30 часот, електрична енергија ќе немаат селата Јаболци, Ново Брезница, Патишка Река, Држилово, Малчиште, Црн Врв, Елово, Осинчани, Карст, Викендици […]

Ураганот Мелиса остави хаос во Јамајка и се упати кон Куба

Ураганот Мелиса вчера ја погоди Јамајка, предизвикувајќи поројни дождови и ветрови што ги поплавија градовите, уништија домови и ја прекинаа струјата на повеќе од половина милион домаќинства, поттикнувајќи ја владата да го прогласи островот за зона на катастрофа. Премиерот Ендру Холнес изјави за Си-Ен-Ен дека иако сè уште нема сигурни информации за жртвите, властите веруваат […]

Дисциплински комесар: Доживотна суспензија за двајца фудбалери на Беса Слупчане и суспензија од 10 натпревари затеренот на Беса Слупчане

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека Дисциплинскиот комесар на Трета лига – Север донесе одлука за доживотна суспензија на фудбалерите Орхан Демири и Ердин Арифи од ФК Беса Слупчане, поради физички напад и обид за линч на противнички фудбалер по завршување на натпреварот ФК Беса Слупчане – ФК Аеродром, одигран во рамки […]