Советот на Народната банка: Стапката на нефункционални кредити се намали на историски најниското ниво, стабилноста на банкарскиот систем расте

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, го усвои Извештајот за ризиците за банкарскиот сектор за вториот квартал од 2025 година. Во услови на забрзан раст на домашната економија и забавување на инфлацијата, банкарскиот систем ја задржа стабилноста, солвентноста се подобри, а стапката на адекватност на капиталот достигна 19,6%, што е највисокото ниво од […]

Први заштеди од 2.000 евра за сите бебиња родени пред 6 ноември, ЦБЦГ и банките го дуплираат подарокот под слоганот „Првиот чекор кон сигурна иднина“

Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) и комерцијалните банки им ги даваат на сите бебиња родени помеѓу 31 октомври и 6 ноември првите заштеди во износ од 2.000 евра. Оваа година, подарокот е двојно поголем од претходно, како дел од традиционалната кампања „Недела на штедење“, која 22 години ја промовира културата на штедење и финансиската […]

АВМУ: Од денеска на полноќ почнува изборен молк за вториот круг од Локалните избори 2025

Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците […]

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека

Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и […]

Од утре до 15 ноември аплицирање за четири категории стипендии, МОН првпат доделува стипендии и за студенти на програми по македонски јазик

Од утре (1 ноември) до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат по конкурсот за четири категории стипендиии. Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски […]

Сојузот на филателистите на Македонија ќе одбележи 75 години со промоција на поштенска марка

Сојузот на филателистите на Македонија денеска ќе ја одбележи 75-годишнината од своето основање со промоција на поштенска марка издадена по повод јубилејот. Промоцијата ќе се одржи во седиштето на Сојузот на филателистите во Скопје каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, […]

Со потпишување на „Декларација Скопје“ завршува 14. Глобален форум за одржлива енергија

Четиринаесеттиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој денеска ќе се заокружи со потпишување на „Декларација Скопје“ која ќе ги обедини заложбите и заклучоците од тридневниот настан. Декларацијата за која свои сугестии можеа да дадат сите учесници на Форумот, ја потенцира потребата од конкретна акција кон одржлива енергија што е дел и од овогодинешното мото […]

Трамп: Постигнат е договор со Кина за извоз на ретки метали

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека постигнал договор со кинескиот претседател Си Џинпинг во спорот околу контролата на извозот на ретки метали од страна на Кина, јави ДПА. Трамп рече дека пречките се отстранети и дека договорот првично ќе важи една година. Тој не даде дополнителни детали за условите на договорот, дополнува германската агеција […]

Трамп ја намалува царината за фентанил од 20 на 10 отсто

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги намалил царините за кинески увоз по денешната средба со кинескиот претседател Си Џинпинг во Јужна Кореја, јави ДПА. По заминувањето од Јужна Кореја Трамп изјави дека со кинескиот претседател Си Џинпинг постигнале договор за намалување на царините за Кина во замена за континуирана набавка на американска соја од […]

Грант од 1,5 милиони евра за зелената трансформација на АД ЕСМ

АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со Германската развојна банка КфВ кој обезбедува 1,5 милиони евра техничка помош, финансирана од Европската Унија, наменета за зајакнување на внатрешните капацитети и забрзување на клучните активности за енергетска транзиција на компанијата. Ова, наведува ЕСМ, е значаен чекор за зелена и пазарно ориентирана трансформација на компанијата. -Грантот од […]