Со ребалансот 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите

Вкупно 4,1 милијарда денари за плати и пет милијарди денари за исплата на пензиите се предвидени со ребалансот на Буџетот, соопшти денеска министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска. На прес-конференција во Владата таа информира дека вкупните приходи во Буџетот се планирани на 318 милијарди 150 милиони денари што е за 8,22 милијарди зголемување. Планирнао е […]

Светска банка: Западен Балкан треба да вложи 37 милијарди долари против климатските промени

Шесте економии од Западен Балкан треба заедно да вложат најмалку 37 милијарди долари во наредната деценија за да ги заштитат граѓаните и имотот од сите поголеми штетни влијанија од климатските промени, е заклучокот во регионалниот Извештај за климатски промени и развој на Светската банка. Спроведувањето на соодветни политики за спречување на климатските промени можат да […]

ОАЕ планираат изградба на втора нуклеарна електрана

Властите во Обединетите Арапски Емирати ја разгледуваат опцијата за распишување на тендер за изградба на втора нуклеарна електрана во земјата. Проектот би можел да привлече тендерски понуди од Кина, Русија, САД и други земји, а вредноста на проектот би изнесувал десетина милијарди долари, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на изјави на претставникот на ОАЕ во Меѓународната […]

Првиот AI Weekend во Ровињ ќе биде домаќин на претставници од глобалните компании TikTok, Meta и OpenAI

Првиот AI Weekend, кој ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ, ќе ги донесе најголемите имиња од светската и регионалната AI сцена, вклучувајќи претставници од компаниите TikTok, Meta и OpenAI. AI Weekend првенствено ќе им донесе одговори на деловната заедница за сите прашања поврзани со влијанието на AI врз бизнисот – од […]

Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија

Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои […]

Одлука на Народната банка: Од август 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75%

Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година. Стапката на противцикличниот […]

Капитал ассет менаџмент рамо до рамо со врвни светски аналитички институции

Единственото македонско друштво за инвестиционо советување Капитал ассет менаџмент Скопје со квалитетот, релевантноста и професионалноста на своите анализи застана рамо до рамо со најпознати светски брендови од областа на инвестициското банкарство. Имено, словенечката банка НЛБ го вброи Друштвото заедно со ЈП Морган, Дојче Банк, Рајфајзен банка Ерсте банка и неколку други познати брендови, како институција […]

Хрватскиот министер за финансии бара итно кратење на буџетските расходи за 1,56 милијарди евра

Потпретседателот на хрватската влада и министер за финансии Марко Приморац пред еден месец на сите министри им испратил драматичен допис со кој ги повикува на итни и поединечни состаноци поради ребалансот на буџетот за годинава. Тој сака да ги намали државните расходи за 1,56 милијарди евра, односно за 5,5 отсто од вредноста на годинашниот буџет […]

Владата до Собранието достави предлози за заменици – министри

Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи заменици министри, за целосно да се комплетира владиниот тим. За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје […]

Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален пoроен дожд и благ пад на температурите

Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР. Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 […]