Пад на обемот на градежништвото во ЕУ во мај
Градежниот сектор во Европската Унија во мај годинава бележи пад од 1,0 отсто споредено со претходниот месец, додека во Еврозоната се намали за 0,9 проценти, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат. Во април 2024 обемот на градежништвото на Еврозоната на месечно ниво се намали за 0,4 отсто, а на ниво на цела ЕУ остана […]
Народната банка по вторпат добитничка на наградата на „Комерцбанк“ за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршувања на плаќањата
Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“, којашто претставува една од водечките меѓународни деловни банки во Европа. Наградата се доделува за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет. Ова е големо признание за Народната банка коешто го доби […]
За еден месец девизните резерви во Србија се зголемиле за 2,3 милијарди евра
Бруто девизните резерви на Србија на крајот на јуни 2024 година изнесувале 27,5 милијарди евра, а ова е највисоко ниво на државните резерви од 2000 година. Во споредба со мај годинава девизните резерви на Србија се зголемиле за 2,3 милијарди евра, објави Народната банка на Србија. Износот на девизните резерви обезбедува покриеност на паричната маса […]
ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети
Управниот совет на Европската централна банка денеска одлучи да ги задржи референтната каматна стапка на главните операции за рефинансирање на 4,25 отсто, каматната стапка на депозитите на 3,75 отсто и маргинална каматна стапка на 4,50 отсто. Управниот совет на ЕЦБ ги задржа и претходните процени за среднорочните изгледи за инфлацијата која, според јунската прогноза во […]
Вендинг машини за селектирање отпад за првпат во Охрид и Струга
Нова инвестиција на СКОПСКО, како дел од платформата „Наша Гордост. Наша одговорност“ Во рамки на платформата “Наша Гордост. Наша одговорност.”, култниот македонски бренд на Пивара Скопје – СКОПСКО, ја најави најновата инвестиција во повратни вендинг машини за селектирање отпад. Оваа иницијатива ги обединува напорите за општествено одговорно делување и заштита на животната средина и во […]
(ВИДЕО) НАСА откажа мисија на Месечината
Американската Национална воздухоплловно-вселенска администрација – НАСА вчера соопшти дека сепак нема да го испрати својот ровер „ВИПЕР“ на Месечината. Одлуката за преиспитувањето и откажувањето на проектот е донесена поради преголеми трошоци, можни идни зголемувања на трошоците и одложувањата на датумот на лансирање. Проектот, наречен „Испарлив испитувачки поларен ровер за истражување“ (Volatiles Investigating Polar Exploration Rover […]
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка
Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на образованието и науката, заради подигнување на квалитетот и атрактивноста на сметководствената професија. Создавањето на нов високостручен […]
Евростат: Во мај еврозоната забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија
Еврозоната во мај, според првите прелиминарни проценки, забележа суфицит од 13,9 милијарди евра во стоковната трговија со остатокот од светот, објави денеска Евростат. Еврозоната претходно забележа нешто поголем суфицит во април во износ од 14,2 милијарди евра, а сегашниот пад е пред се резултат на помалиот суфицит во трговијата со машини, возила и хемикалии. Вредноста […]
Во Кина за шест месеци се изградени нови 980 километри пруга
Во Кина во првата половина на 2024 година се изградени нови 979,6 километри пруга, што дополнително ја подобри националната железничка мрежа. Со железничкото поврзување на населените места се овозможува и развој на туризмот и економијата во регионите низ кои поминува железничката линија, објавија кинеските медиуми, пренесе „Бизнис.ба“. Податоците на Кинеската државна железница покажуваат дека кинеските […]
ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година
Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април. „Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните […]