Зголемено присуство на Ковид-19 во Грција
Тренд на зголемување на заразените, хоспитализираните и починатите од Ковид-19 во Грција е регистриран во изминатата седмица, согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Во периодот од 8 до 14 јули годинава, позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на една седмица претходно. Хоспитализирани […]
Евростат: Децата во Романија, Шпанија и Бугарија се најизложени на опасност од сиромаштија
Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат. На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија […]
Организаторите на ОИ во Париз се соочуваат со проблеми со големиот прекин на компјутерските системи во светот
Организаторите на Олимписките игри во Париз денеска соопштија дека се соочуваат со проблеми поврзани со големиот прекин на компјутерските системи во светот. „Париз 2024 е свесен за глобалните технички проблеми што влијаат на софтверот на Мајкрософт. Тие проблеми влијаат на ИТ операциите на ОИ во Париз 2024 година“, велат организаторите. Претходно француската агенција за кибер […]
Делови од Скопје без снабдување со електрична енергија, невремето оштети два далекуводa
Два 110-киловолтни далекувода кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“ се без напон поради што вечерва дел од Скопје е без електрична енергија, потврдија за МИА од Електродистрибуција. Оттаму велат дека сериозна штета во дистрибутивната мрежа предизвикало невремето попладнево во Скопје и дека засилени екипи на Електродистрибуција се на терен за да го нормализираат снабдувањето […]
Амбасодорите на ЕУ го усвоија предлог буџетот за 2025 наменет за традиционалните европски политики
Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија постигнаа договор за предлогот на Советот на ЕУ за буџетот за 2025 година, кој се темели на вкупните буџетски расходи во износ од 191,53 милијарди евра и тековни долгови од 146,21 милијарди евра, соопштија од унгарското претседателство на ЕУ. – Постигнатиот договор претставува добра почетна основа за преговорите […]
Помалку бродови поминале низ Суецкиот канал, намалени приходите за Египет
Годишниот приход на Суецкиот канал се намалил за една четвртина во последната финансиска година, бидејќи некои од шпедитерите преминале на алтернативните коридори за да ги избегнат нападите на Хутите во Црвеното Море. – Приходите се намалени на 7,2 милијарди долари за финансиската 2023/24 година, додека мината година изнесувале 9,4 милијарди долари, изјави Осама Рабие, шеф […]
Во Албанија работат 400 работници преку иницијативата Отворен Балкан
Договорот за слободен пристап на пазарот на работна сила во рамките на иницијативата Отворен Балкан, кој се применува од почетокот на март годинава, ги дава почетните резултати за албанските компании. Со идентификациониот број на ОБ се пријавиле 400 работници. Според податоците на албанската агенција за вработување во оваа земја работат 12.000 странски работници. Од нив […]
Во Романија странските директни инвестиции поголеми за 36 отсто
Во Романија во првите пет месеци годинава странските директни инвестиции се зголемиле за 36 отсто, од 2,5 милијарди евра на 3,3 милијарди евра, објави Централната банка на Романија. Приливот на СДИ во целата 2023 година во Романија достигна 6,6 милијарди евра. Националната служба за трговски регистер на Романија објави дека за пет месеци во 2024 […]
Учесниците на свеченото отворање на Олимпијадата се закануваат со штрајк поради работните услови
Уметниците кои треба да учествуваат на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз на 26 јули, им се заканија на организаторите со штрајк. Весникот „Le Parisien“ пишува за ова повикувајќи се на синдикатот на Генералната конфедерација на трудот (CGT). Незадоволството на уметниците е поврзано со условите за работа, вклучувајќи ја и платата, а укажуваат и […]
ЕУ додели грант за чистење на Дунав од потопени германски бродови
Европската Унија и Србија потпишаа договор за одобрување на грант од 15,85 милиони евра за вадење на потопените бродови во Дунав, а кои пред повеќе од 80 години биле користени од германската армија за време на Втората светска војна. Оваа финансиска помош е дел од проектот за речниот сообраќаен коридор Рајна-Дунав и ќе биде наменет […]