Во септември почнува редовната репертоарска програма на МНТ, ќе биде отворена и летната сцена „Славиша Кајевски“

Македонски народен театар (МНТ) информира дека во рамки на новата сезона 2024/2025, редовната репертоарска програма ќе започне во септември, а свечено ќе биде отворена и летната сцена „Славиша Кајевски“. Кон средината на октомври, на малата сцена премиерно ќе се одигра претставата „Бели ноќи“ во режија на Звездана Ангеловска. Станува збор за копродукциски проект. Како што […]

Турција има набрз раст на нови богаташи

Во Турција во 2022 и 2023 година најбрзо од земјите во светот растел бројот на богаташи, а стапката на раст изнесува 157 отсто, соопшти швајцарската UBS банка во својот Глобален извештај за богатството. По Турција следат Русија и Катар со раст на бројот на богаташи од 20 отсто, Јужна Африка со 16 отсто. Во наведениот […]

И ЕУ помага со хеликоптери и авиони за гаснење на пожарите во Македонија

Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Северна Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари. – Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Северна Македонија се распоредени четири хеликоптери и три […]

Даночните олеснувања и развојот на Животното осигурување!

Растечкиот интерес за полисите за животно осигурување во нашата земја покажува дека свеста за оваа проблематика е во пораст, а луѓето стануваат се’ поодговорни за нивното здравје во иднина, но и за финансиската иднина на најблиските. Животното осигурување постои токму за тоа: да обезбеди финансиска поддршка за луѓето кои ги сакаме, во случај нешто лошо […]

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2025 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. Кој […]

Пад на индустриското производство во Европската Унија

Индустриското производство во мај годинава во Европската Унија е намалено за 2,5 отсто, а во еврозоната за 2,9 отсто, во однос на мај минатата година. На месечно ниво, во споредба со април годинава, индустриското производство во ЕУ е намалено за 0,8 отсто, а во еврозоната за 0,6 отсто, соопшти Евростат. На годишно ниво најголем пад […]

Српските компании на секој сопствен динар позајмуваат 1,61 динар!

Претпријатијата во Србија на секој сопствен динар користат 1,61 динар позајмени средства. Вкупните обврски на компаниите во Србија се зголемени за 5,8 отсто и достигнаа 14.368 милијарди динари на крајот на минатата година. Сепак, индексот на вкупната задолженост на српската економија во 2023 година бележи благо намалување од 1,68 на 1,61, пренесе Н1. – Фирмите […]

До дваесет пати пониски емисии на цврсти честички од максимално дозволените во Макстил

Емисиите на цврсти честички од Макстил во првата половина на годината се до дваесет пати пониски од граничните вредности,покажува извештајот од мерењата по месеци. Компанијата во континуитет ги мери емисиите на цврсти честички од двете мерни точки, односно од двата оџаци во производниот процес и секој од овие извештаи покажал повеќекратно пониски вредности од дозволените. […]

Политичката криза во Бугарија го блокира користењето на дел од 5 милијарди евра европска помош!

Поради тоа што нема стабилна политичка Влада, Бугарија се соочува со реален ризик да остане без средства предвидени со Планот за закрепнување на ЕУ, предупреди еврокомесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади Илијана Иванова. – Немањето редовна Влада нема да влијание добро врз позицијата на Бугарија во Европа, изјави бугарската еврокомесарка Иванова во интервју […]

Во јуни рекордно ниска невработеност во Хрватска

На крајот на јуни годинава во Хрватска се регистрирани 84.841 невработени лица. Ова е за 13.868 лица или 14 отсто помалку од истиот месец лани, а невработеноста во земјата е најмала од хрватската независност, покажуваат податоците на Хрватскиот завод за вработување. Минатиот месец бројот на вработени во Хрватска е намален за 3,9 отсто во однос […]