Туристичкиот промет во Хрватска во стагнација, приватното сместување бележи пад во ноќевањата

Првите податоци за резултатите на годинашната туристичка сезона во Хрватска покажуваат благ пад во прометот во угостителството и во бројот на ноќевањата, што е поизразено за апартманите во приватно сместување. Хрватските туристички организации очекуваат приближен промет како и во 2023 година, која се смета за добра туристичка сезона. – Очекуваме во овој период од годината […]

Јапонија ќе изгради фабрика за најсовремени чипови за најмоќни компјутери

Јапонската влада и приватните компании со заеднички вложувања градат фабрика за производство на најнапредни чипови, а висината на инвестициите изнесуваат 32 милијарди долари. Јапонската компанија „Рапидус“ на островот Хокаидо гради објекти за производство на најнапредни чипови и нејзината вредност ќе ги надмине досегашните инвестиции за фабрики за производство на полупроводници, кои чинат од пет до […]

Цените на нафтата во тринеделен пад, поради слабата потрошувачка во Кина

Слабата потрошувачка во Кина и очекувањата за договор за прекин на војната во Газа го одржува падот на цените на нафтата три недели по ред, наспроти благиот пораст на вредноста на овој енергент на вчерашното тргување на светските берзи. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ за септември пораснаа за 15 центи, или 0,2 отсто, на 82,52 […]

Словенците ја зголемиле потрошувачката на струја за полнење на електричните возила

Потрошувачката на електрична енергија во Словенија во првата половина годинава е намалена за 3,3 отсто, а само во јуни е помала за 2,5 отсто во однос на истиот месец од минатата година. Најважаен фактор е намалената потрошувачка на домаќинствата, кои стануваат се повеќе енергетски самостојни со користењето на соларната енергија. Вкупната потрошувачка од преносната мрежа […]

Американците во јуни купувале најмалку нови станови и куќи

Продажбата на нови куќи и станови во САД во јуни годинава е намалена за 0,6 отсто во споредба со претходниот месец или на 617.000 станбени единици, соопштија од американското министерство за трговија. Ова е најниска продажба на недвижности за домување во последните седум месеци, а причината за тоа се високите цени на квадратот и банкарските […]

Јужна Кореја има најмногу мини маркети, во нив се купува, јаде, да се нарачува онлајн, да се наполни мобилен телефон или е-тротинет…

Во Јужна Кореја има повеќе од 55.200 мини маркети или по еден на секои 950 жители, што ја одвојува земјата по начинот на задоволување на потребите на граѓаните за набавка на храна и да се користат други услуги. Мини маркетите во Јужна Кореја се познати по иновативните стратегии во продажбата и претставуваа главен малопродажен канал […]

Фалсификаторите во Германија повеќе се насочија кон банкноти во евра со помала номинална вредност

Во Германија во првата половина од 2024 година се појавиле најмногу фалсификувани банкноти во евра, а најизложени на фалсификување се оние со помала номинална вредност. Според информациите на Централната банка на Германија, бројот на запленети лажни банкноти изнесува 38.578 со вкупна номинална вредност од 2,4 милиони евра. Повеќе лажни банкноти биле запленети во 2017 година, […]

Во вториот квартал американската економија оствари раст над очекувањата

Американската економија оствари годишен раст од 2,8 отсто во вториот квартал годинава, а овие податоци се над очекувањата за раст на БДП за два отсто. Во првиот квартал економскиот раст на САД достигна 1,4 отсто. Овие резултати се знак на отпорност на потрошувачите кон монетарната политика на Федералните резерви, од каде се најавува можно намалување […]

Економистите предупредуваат: Франција се соочува со италијанско сценарио поради високиот дефицит

Франција мора под итно да го намали јавниот дефицит за 112 милијарди евра за земјата да го избегне познатото италијанско сценарио, предупредија француските економисти. Според нивно мислење, јавниот долг на Франција треба да се намали во наредните седум до 12 години, за земјата да избегне влегувањето во спиралата на долгови во која се најде и […]

Инфлацијата во БиХ се намали под два отсто

Инфлацијата во Босна и Херцеговина забави на 1,6 отсто на годишна основа, по три последователни месеци од два отсто. На годишно ниво, најголем раст во јуни годинава во однос на јуни лани е забележан кај цените во рестораните и хотелите, кои пораснале за 7,3 отсто. Стоките и услугите поскапеле за 5,2 отсто, рекреацијата и културата […]