Колку ќе заработи Франција од Олимписките игри?!

Трошоците за организирање на Олимписките игри во Париз достигнаа речиси девет милијарди евра, но организаторите немаат јасни пресметки за економските ефекти за Франција, која е домаќин на ова најголемо спортско натпреварување во светот. Во отсуство на официјални информации за приходите, Универзитетот во Лимож, објави дека Олимписките игри ќе донесат приходи од 6,7 милијарди до 11,1 […]

Германските железници најавија отпуштање на 30.000 работници

Поради големите финансиски загуби „Дојче бан“ планира да отпушти 30.000 работници или девет отсто од работната сила. Одлуката за отпуштање е донесена по искажување на загуби од 1,2 милијарди евра во првата половина на 2024 година. – Штрајковите, екстремните временски услови, реконструкцијата на мрежата и слабата побарувачка за услугите на ДБ значително ја влошија финансиската […]

До 1 октомври отворени се повици за нови субвенции за занаетчиите

Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ. За оваа намена се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството. – На јавниот повик може да […]

ЕУ подготвува привремени царини за увоз на кинескиот биодизел?

Европската Унија е подготвена да воведе привремени царини за кинескиот биодизел, по сознанието дека на пазарите на ЕУ тој се продава по неоправдано ниски цени. Европската комисија, која го надгледува спроведувањето на трговската политика на ЕУ, предложи воведување на привремени тарифи меѓу 12,8 и 36,4 отсто. Царините би требало да бидат применети кон средината на […]

УЈП: Во вториот квартал се поднесени повеќе даночни пријави за ДДВ

Даночна пријава за Данок на додадена вредност (ДДВ) навреме поднеле 95 проценти од даночните обврзници, додека 5,1 проценти, односно 1983 даночни обврзници, не поднеле ДДВ-04 до истекот на рокот, вчера во 23.59 часот. Управата за јавни приходи (УЈП) апелира сите што задоцниле да ја исполнат обврската, да ја поднесат даночната пријава. Соопшти дека за 9 […]

ЕЦБ: Домаќинствата во еврозоната избегнуваат нови задолжувања кај банките

Домаќинствата во еврозоната избегнуваат да се задолжуваат кај банките, а позајмиците во јуни се зголемени само за 0,3 отсто на меѓугодишно ниво, се заклучува во најновиот извештај на Европската централна банка. Вкупната вредност на кредитите за компаниите се зголемени за 0,7 отсто и има мало „забрзување“ од месец мај кога бележеа раст од 0,3 отсто. […]

Фајнанс тинк: Реалистично макроекономско проектирање на ребалансот на буџетот

Со ребалансот на Буџетот има реалистично макроекономско проектирање и проекцијата на буџетските приходи соодвествува со економските движења, но изразува загриженост за зголемувањето на буџетскиот дефицит, кој не е изненадување со оглед на политичките ветувања во периодот на изборите, се наведува во анализата на „Фајнанс тинк“. Проширувањето на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на […]

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Отприлика секој четврти Швеѓанец користи никотински производи, што е приближно на исто ниво со остатокот од Европа. Но, според неодамнешниот извештај, Шведска бележи 44 отсто помалку смртни случаи поврзани со тутунот по глава на жител во споредба со останатите европски земји. Според авторите на извештајот наречен „Без чад помалку штети“, разликата е во тоа што […]

Два бронзени медали за македонскиот тим на Европската олимпијада по информатика за девојки

На четвртата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024), која од 21 до 27 јули се одржува во Велдховен, Холандија, нашите ученички постигнаа нов голем успех, освојувајќи два бронзени медали. Бронзените медали за нашата држава на ова интернационално натпреварување ги освоија Јована Трифуноска од Тетово и Атина Рувинова од Охрид, а достоен резултат постигнаа […]

Холанѓаните со најдолг просечен работен век, најмалку работат жените во Италија

Очекуваниот просечен работен век во Европската Унија е 36,9 години, а во некои земји е подолг од 40 години,. Должината на работниот век е различен меѓу членките на ЕУ, од 28 години животен век за Италијанките до 45 години за мажите во Холандија, објави Евростат. Најдолг очекуван работен век во 2023 година е забележан во […]