Економијата на Шведска забележа квартален пад од 0,8 отсто!

Економијата на Шведска во второто тромесечие на 2024 година забележа пад за 0,8 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните процени што ги објави Заводот за статистика на Шведска. Кварталниот пад на шведската економија е последица на лошите резултати во април. На меѓугодишно ниво економијата на Шведска покажала знаци на стагнација во однос на […]

Туристите ги избегнуваат жештините во јужна Европа и летуваат во Скандинавија

Глобалното загревање и високите температури во земјите од јужна Европа во текот на летните месеци влијаат на менување на навиките на туристите кои почесто се одлучуваат да летуваат во скандинавските земји, во кои има посвежа клима. Минатата година приходите од туризмот во земјите од скандинаскиот регион се зголемени за шест отсто во однос на 2022 […]

Индустриското производство во Хрватска во слободен пад

Индустриското производство во Хрватска во јуни годинава продолжи да се намалува, по седумесечен континуиран надолен тренд. Хрватскиот завод за статистика објави дека индустриското производство во јуни е намалено за 3,7 отсто во однос на претходниот месец, односно 8,3 отсто во споредба со истиот месец лани. Производството на годишно ниво бележи пад во сите пет индустриски […]

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, оствари средба со Антје Ванделт, директорката на АХК Северна Македонија

АХК Северна Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји ширум светот, која веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците на стопанството во земјата. На средбата, се говореше за интересот на германските компании за Северна Македонија, за актуелните предизвици со кои се соочуваат германските и локалните компании, како што се […]

Германските мали и средни компании се свртуваат кон набавките од Индија

Малите и средни претпријатија од Германија се повеќе ја шират својата мрежа на набавки кон Индија, додека снабдувачите од САД ја губат својата позиција. По неколкуте неизвесни години во глобалната трговија, околу 40 отсто од германските компании планираат да ги реконструираат своите синџири за снабдување, покажало истражувањето кое го спроведе ДЗ Банкa. Поголемите фирми со […]

Рекорден раст на бројот на резервации преку онлајн платформите во ЕУ

Во Европската Унија во текот на првиот квартал годинава бројот на резервациите за туристички престој кои се направени преку онлајн платформите се зголемил за 28 отсто. За овој период корисниците на најпопуларните платформи за резервации „реализирале“ 123 милиони ноќевања во сместувачките капацитети ширум Европската Унија, соопшти Еуростат. Според податоците на статистичката агенција на ЕУ, на […]

Осигурителните компании во САД со најголеми загуби поради честите поплави и пожари

Американските осигурителни компании во 2023 година претрпеа најголеми загуби во работењето во последните децении, поради комбинацијата на неколку фактори: природните катастрофи, инфлацијата и зголемувањето на населението во ризичните региони на САД, објави агенцијата АМ Бест, која е специјализирана за промет за недвижности. Компаниите кои издаваат полиси за сопствениците на куќи забележале нето загуба од 15,2 […]

Совршен избор за освежување во летните денови – Грчки тип на јогурт Грекос

Во педесетите години на минатиот век Медитеранската исхрана е дефинирана како најдобра врз основа на навиките на населението во Крит во тој период. Оваа исхрана е позната по своите здравствени придобивки и е една од најздравите во светот, а летото е идеален период за медитеранска исхрана, па ако веќе сте одлучиле да го започнете овој […]

Високата цена на маслиновото масло ги зголеми измамите во прометот во ЕУ

Во земјите од Европската Унија во првиот квартал годинава е забележан рекорден број на потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло. Цената на овој производ се зголеми за двапати во однос на 2018 година, поради повеќе фактори: неколкугодишната суша и други временски влијанија кои ги погоди насадите со маслинки. Со растот на […]

Samsung ги приближува фановите до спортистите повеќе од кога било на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз 2024

Кој рече дека церемонијата на отворање на Олимписките игри мора да се случи на стадион? Првата вечер, Олимписките игри во Париз 2024 официјално започнаа со историска церемонија на реката Сена, а Samsung Electronics, светскиот олимписки и параолимписки партнер, обезбеди револуционерна иновација што го направи отворањето навистина посебно. За да ги приближи фановите до акцијата повеќе […]